Ви треба смелост, нема што…
Хит бојата за ова лето е неон! Не е важно дали е сина, зелена, жолта, портокалова или розова, битно е да сјае како да сте под рефлектор на дискотека.
Бројни светски познати дизајнери на своите ревии за пролет-лето 2020 година ја лансираа неон бојата на речиси сите парчиња облека – од фустани и блузи, до панталони и здолништа и аксесоари во вид на торби и наочари за сонце.
https://www.instagram.com/p/B-6PPZPqgPh/?utm_source=ig_embed
Неон боите се многу впечатливи и може да се каже дека ги носат „храбрите“ личности, но модните инфлуенсерки имаат толку храброст така што комбинираат две различни неон нијанси. Така, на Инстаграм фотографиите се’ почесто можеме да видиме модни блогерки кои се облечени во розови блузи и портокалови панталони, но и слични комбинации…
https://www.instagram.com/p/BmOaJrAg2JF/?utm_source=ig_embed
Не можеме да кажеме дека оваа комбинација не е добра, но сепак, многу е дискутабилно дали навистина би можеле да ја носиме во секојдневниот живот, на улица или на работа.
https://www.instagram.com/p/B-tabRBJg8u/?utm_source=ig_embed
Што мислите вие за овој неон-тренд?