Модна пресметка меѓу снаите на Брена: и двете во фустан со цветови и РАЗГОЛЕНИ раменици – на која и стои подобро?
И покрај тоа што на прв поглед изгледаат како да се согласуваат одлично, меѓу нив одвреме-навреме ќе дојде и до пресметка. И тоа не обична пресметка…
Имено, снаите на Брна, познатата пејачка Александра Пријовиќ и „мејк-ап“ артистката Сандра Миљаковиќ се согласуваат добро, но овој пат на Инстаграм се случи да дојде до модна пресметка кога и двете носеа преубави фустани со цветен дезен и покажаа голи раменици.
Сопругата на Филип Живојиновиќ им се придружи на Брена и Боба на крстарењето, а Инстаграм го запали со една од своите последни фотографии што неодамна ја објави на оваа позната социјална мрежа. Убавата пејачка позираше во долг цветен фустан, кој ги откри нејзините голи раменици и во преден план го стави нејзиното убаво тело.
Фотографијата предизвика лавина од позитивни коментари на сметка на нејзината убава мајка.
Потоа слична модна комбинација носеше и Сандра, убавата девојка на Виктор Живојиновиќ. Таа носеше тесен, цветен фустан со шлиц, кој исто така ги открива рамениците, а во кој згодната русокоса девојка позираше на јахтата на која семејството Живојиновиќ ужива ова лето.
Тие и двете беа заедно на ова волшебно патување со Лепа Брена, а од заедничките фотографии можеме да видиме дека добро се забавуваат.
Ваквите модни пресметки се единственото нешто што постои како ривалство меѓу атрактивните снаи на Брена.
Тие патуваа заедно на јахтата и уживаа во луксузното летување, a потоа откако се вратија од одморот Пријовиќ и приреди феноменално изненадување на Виктор и Сандра во вилата на семејството Живојиновиќ.
Имено, таа на прославата за годишнината од љубовта на најмладиот син на Брена, Виктор, и неговата избраничка Сандра Миљаковиќ им запеа песна од Цеца и ги приреди најемотивниот дел од вечерта.
Таа и девојката на Виктор пееја заедно, рамо до рамо, и на сите јасно им ставија до знаење дека се во одлични односи.
Виктор својата љубов ја израдува со 101 ружа, а годишнината ја одбележаа и на социјалните мрежи.