Реклама
Трендови

Погледнете како скопјанките го носат модниот додаток кој е хит на социјалните мрежи

Реклама

Модeн додаток со кои ќе ја „подигнете“ секоја комбинација

Постои едно непишано модно правило, а тоа е дека модните додатоци се задолжителен дел од секоја добра комбинација. Но покрај тоа што се ефективни, тие се и неопходни, функционални и практични. Ова се однесува и за малите чантички кои ги носиме врзани на половина (или во овој случај префрлени преку едното рамо), а кои се мошне популарни во последно време.

Маркетинг

Тоа можеме да го забележиме од Инстаграм-профилите на познатите дами и модни блогерки од целиот свет кои ги носат во своите пролетни комбинации, но и од нашите ИТ девојки кои исто така не му одолеа на овој тренд.

Маркетинг

The Fannypack is Back

Ваквите мали чанти кои кај нас се познати како педеруши (The Fanny pack) а со нив се опседнати и девојките како Кенда Џенер, Ријана и Бела Хадид. Тие претставуваат одлична алтернатива за обичните чанти, особено ако сакате вашите раце да останат слободни, но и да изгледате шик.

Mango 1490 MKD

Bershka 799 MKD

Bershka 999 MKD

На овие фотографии е модната блогерка Јована која заедно со Моника стојат зад името BleachedBlck. Таа овој впечатлив моден додаток кој беше хит во 90-тите го носеше во комбинација со сиви панталони тренерки од Бершка и бели патики, додека целото издание го заокружи со тренди очила со проѕирни стакла и нејзината препознатлива црна коса со шишки кои и се заштитен знак.

Фотографиите се направени во соработка со блогерките и нашата фотографка Ерина Богоева,а целото интервју со Марија и Јована можете да го прочитате тука.

Ако ве интересира мода, овие две Македонки НЕ смеете да ги пропуштите >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button