Моден додаток од кој Бела Хадид не се одвојува, а кој го обожаваат и Македонките, особено во овој период од годината
Моден додаток што го обожава познатата манекенка
Манекенката Бела Хадид е голема љубителка на капите, качкетите и шеширите. Тоа особено можеме да го видиме во нејзините зимски комбинации кога едноставно не се одвојува од овој моден додаток, а тоа можеме да го забележиме и од следниве фотографии.
Качкетот со масивна топче на врвот е совршено решение за дневните зимски стајлинзи кога сакаме да изгледаме ефективно, а Бела го носеше во комбинација со тесни фармерки, рамни чизми и кратка јакна со пердуви.
Таа качкет може да носи и во многу поелегантни изданија, како на пример оваа на која го носи со капут во нежна розова нијанса и црни високи потпетици. Бела на овој начин го разбива елегантниот стајлинг и со качкетот внесува доза на опуштеност , а неретко тоа го прави и со косата врзана во опавче.
Сличен ефект, само во обратна насока го постигна и со овој црвен шешир со кој внесе доза на елеганција во нејзиното шик рокерско издание.
Па, дали ви се допаѓаат овие комбинации на Бела? И какви капи сакате вие?