Реклама
Трендови

Модели од џинс кои оваа есен ќе бидат популарни и меѓу Македонките

Реклама

Џинсот е во мода, но какви модели ќе носиме оваа есен?

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека skinny фармерките повеќе не се еден од водечките трендови, но прашањето е што е она што ќе ги замени и какви модели ќе фураме во следниве неколку месеци кога станува збор за прачиња од тексас?!

Маркетинг

Па, ако сакате да бидете во чекор со трендовите, еве ги клучните парчиња од тексас што мора да ги имате во вашите плакари …

Маркетинг

Кратка тексас јакна

Ова е една од нашите омилени тексас јакни од познатиот хај-стрит бренд Топшоп која изгледа совршено во комбинација со фармерки со висок струк. Значи оваа есен комбинирајте темни со светли модели, и изберете кратка тексас јакна.

Црвени фармерки

Наместо сини, или црни, оваа сезона изберете еден црвен модел.

H&M

Оваа боја ќе биде една од најпопуларните во следниве неколку месеци (види тука), а тоа можете да го забележите и од излозите на познатите продавници каде веќе пристигнаа и првите фармерки во оваа боја.

Миди тексас здолниште

Да, ова е уште ден тренд што ќе го носиме оваа сезона

Винтиџ фармерки

Оваа сезона во мода се пошироки модели, со рамни ногавици и висок струк

Моделот на сликата: RE-DONE Leandra Jeans

Комбинезони

Ако сакате да изгледате боемски и бунтовнички во исто време, изберете еден комбинезон и донесете го духот на 60-тите во вашиот град.

Моделот на сликата: M.i.h Jeans

Големи тексас јакни

Предимензионираните тексас јакни им се омилени на многу познати ИТ девојки од целиот свет, па ако сакате да бидете во тренд, крајно време е да набавите еден ваков модел …

Моделот на сликата: Zara The Vintage Denim Jacket

Тексас шорцеви

Краток тексас шорц, обична бела маичка, сако и патики или чевли по ваш избор – дефинитивно една од најпопуларните модни комбинации за преодниот период (види тука), особено додека температурите се се’ уште високи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button