Реклама
Модни совети

Што да облечете на музичките фестивали кои планирате да ги посетите

Реклама

Планирате да одите на некој кул фестивал или журка ова лето, но потребна ви е малку инспирација како да изгледате како вистинска ИТ девојка.

Модата која ја носат девојките на музичките фестивали стана поприлично популарна во последните неколку сезони. Таа почна да ги освојува и Македонките, а тоа можете да го забележите на било кој фестивал во Македонија, каде нашите ИТ девојки навистина изгледаат посебно. Секоја чест за нив. Но, опуштените бохо фустани и сандали со врвки веќе сме ги виделе на овие случувања, кратки шорцеви, комбинезони и маици со интерсни дезени исто така. Речиси сите комбинации се веќе пробани, а некои од нив дури и ги имаме објавено на нашите профили на Инстаграм и Фејсбук. Но, доколку се чувствувате по малку изморени од целиот процес или едноставно потребна ви е дополнителна инспирација, можеби ќе ви помогне главната ѕвезда во нашиов денешенпост, Кејт Мос. Да познатата манекенка не само што изгледа фантастично кога е на насловните страни на модните списанија, или пак, на црвениот килим, таа изгледа подеднакво убаво и кога е во нејзините опуштени фестивалски изданија. Не ни верувате? Па, погледнете ги нејзините најубави комбинации што ги пронајдовме меѓу фотографиите од Glastonbury Festival, а потоа и неколку парчиња од познати хај стрит брендови кои ги има во Македонија и со кои би можеле да направите слични комбинации.

Маркетинг

Маркетинг
види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button