Реклама
Модни совети

Модни трикови за девојки со мали гради

Реклама

Можеби не сте една од оние девојки кои се надарени со голем граден кош, но секако дека не треба да очајувате заради тоа.

Маркетинг

Некои парчиња облека едноставно можат многу да помогнат, но и многу подобро им стојат на девојки кои имаат мали гради, отколку на оние со бујно деколте.  Погледнете кои се стилските парчиња со кои треба почесто да експериментирате и кои ќе помогнат вашето деколте визуелно да изгледа поголемо.

Горен дел и фустани со пеплум

Маркетинг

Пеплумот е стилиш парче кое додава димензија на вашите гради. Покај ова потрудете се вниманието да биде на половината, наместо на градите.

Светла облека

Ако темната облека ве прави визуелно послаби, тогаш светлите парчиња додаваат и можат да дефинираат поголеми гради. Искористете го овој ефект така што ќе носите облека во интензивни светли бои.

Панталоните кои се must-have за оваа сезона

Друг начин да се поиграте со деколтето е да носите ѕвонарки. Тие се популарни оваа сезона, а и ќе придонесат вашата половина визуелно да изгледа послабо, со што се добива ефект на поголеми гради.

Кружно деколте

Свртете го вниманието на рацете и рамениците со тренди маица со отворено деколте во форма на круг. На овој начин ќе го нагласите торзото без да свртите преголемо внимание на градите.

Широки ремени

Нагласувањето на струкот е одличен начин градите да изгледаат поголеми. Направете го овој визуелен корсет-ефект со широк ремен со кој максимално ќе ги зголемите градите, без разлика дали носите топ и здолниште или фустан

Топ со карнери и украси

Овие парчиња облека дополнително можат да направат вашите гради да изгледаат поголемо.

Фустани и блузи со високо деколте

Можеби изгледате фенси и секси со длабоките деколтеа, но факт е дека тие ги ставаат вашите ради во центарот на вниманието. Па доколку сакате да го избегнете тоа, носете фустани или блузи со високо деколте.

Блузи и фустани со отворен грб

Девојките со големи гради одвај можат да се извлечат со овие парчиња поради „поддршката“ која што им е потребна во пределот на градниот кош. Но, за разлика од нив, девојките со мали гради го немаат овој проблем. Искористете ја максимално предноста на овие фустани и блузи за време на летната сезона.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button