Без разлика што вашиот стил се уште не дипломирал заедно со вас, ние денес ќе споделиме неколку совети со кои полесно ќе го положите „екстерното“ и кои секоја девојка откако ќе заврши факс би требало да ги применува.
Од преуредување на плакарите, па се до нови комбинации со парчињата кои веќе ги имате во нив, сигурни сме дека во следната галерија ќе пронајдете интересни совети кои би можеле да ви помогнат при изборот на вашата следна „пост-студентска“ комбинација.
ОСНОВАТА Е НАЈВАЖНА!
Откако завршивте со студентскиот живот, можеби сега е вистинскиот момент да го надградите и вашиот стил. Почнете постепено да ги заменувате вашите маици, блузи, дуксови и блејзери кои ги носевте во изминатиот период со парчиња во кои ќе изгледате поинаку.
Скокнете во вашите години и во новиот академски статус така што ќе го освежите плакарот со парчиња кои се соодветни за вашиот нов период во животот.
„ПОДИГНЕТЕ“ ГИ ФАРМЕРКИТЕ
Не мислиме во буквална смисла на зборот да ги подигнете фармерките, туку да го подигнете стилот така што ќе го замените обичните комбинации со маици со некој фенси горен дел и стејтмент сандали со високи потпетици кои сега почесто треба да ги носите со вашите омилени фармерки.
Исто така, оваа сезона во мода се и патиките, но и високите чизми над колена, па можеби токму сега е време да се поиграте со стиловите и да се покажете во сосема ново светло!
Види ги најубавите фармерки за оваа сезона тука »
НАМЕСТО СТАРКИ – „КЛАСИЧНИ“ ЧИЗМИ ДО ГЛУЖД!
Да, крајно време е вашите лежерни комбинации да ги надоградите со еден пар класични чизми до глужд, без разлика дали ќе ги носите со сукњки или фармерки.
Види ги најубавите чизми за есен 2015 тука »
КОГА СЕ ДВОУМИТЕ, ИЗБЕРЕТЕ ЕДНОБОЈНИ КОМБИНАЦИИ
Доколку немате некоја посебна модна рутина, која најчесто ја користите во ситуација кога не знаете што да облечете, запомнете дека еднобојните комбинации секогаш изгледаат шик. И знаете што е најдобро кај нив? Па, покрај тоа што многу лесно можете да ги составите сите парчиња во мозаикот, можете и да покажете малку повеќе кожа ако имате потреба за тоа.
СЛОЕВИТО ОБЛЕКУВАЊЕ
Експериментирајте со стиловите и пробајте нови комбинации како на пример маица која ќе ја носите под фустанот или пак кратка блуза која можете да ја носите врз дукс или кошула.
Нема ништо поинтересно и попривлечно од дама која изгледа паметно и модерно, па бидете креативни и пробајте сосема нови комбинации со парчињата кои веќе ги имате во вашите плакари.
ПРИМЕНУВАЈТЕ ГО ПРАВИЛОТО „ЕДНО ИЛИ ДРУГО“
Сигурно се прашувате што значи ова правило? Станува збор за комбинации во кои еден дел од телото ќе го откриете, додека со другиот ќе бидете посуптилни. Па така доколку носите тесно кратко здолниште, комбинирајте со долга блуза со ракави.
Или пак доколку носете топ со длабоко и секси деколте, комбинирајте со панталони кои ќе внесат рамнотежа во изгледот. Играјќи се со ова правило вие ќе бидете сигурни дека секогаш покажувате само соодветно количество од вашата кожа.
ФРАНЦУСКИ ШИК НАМЕСТО ШКОЛСКИ КРИК
Сега кога веќе дипломиравте крајно време е да го пробате и толку посакуваниот и озборуван француски шик со кој би можеле да ги заведете и оние „најнедостапните“во вашето опкружување. Па доколку планирате да се облекувате како девојките од Париз, тогаш почнете почесто да ја практикувате фразата „а дали ова може да се најде во црна боја?“.
Покрај ова, не заборавајте дека парижанките ретко носат екстремно високи потпетици (за нив е вистинско лудило да носат високи потпетици во град со нерамни патеки и улици, а убедени сме и дека ситуацијата и во вашиот град не е ништо подобра!). Затоа обидете се што почесто да носите приземјени чизми до глужд, балетанки или оксфордки кои се ИН за оваа сезона.
КУПУВАЈТЕ (И ИЗГЛЕДАЈТЕ) ПАМЕТНО
Како девојка со диплома наместо претенциозните трендовски парчиња кои можете да ги носите само една или две сезони, обидете се да најдете парчиња во кои вреди да се инвестира и кои важат за „безвременски“.
Па без разлика дали станува збор за капут, мал црн фустан или класични деловни панталони, не заборавајте дека со овие парчиња секогаш играте на сигурна карта и во нив ќе изгледате убаво, женствено, паметно и пред се сосем доволно модерно.
ОТКОПЧАНА КОШУЛА
И покрај тоа што некои велат дека кошулите не треба да се носат раскопчани, ние ве советуваме да не ги слушате овие лажни моралистки и да се обидете да изгледате суперсекси, привлечпо и пред се женствено кога ќе имате потреба од тоа. Станува збор за тренд кој ги освои модните писти во 70-тите години од минатиот век, и сите знаеме дека се уште е ИН. Токму затоа, сега, откако дипломиравте, вистинскиот момент е да го пробате овој тренд кој може да ви донесе само бенефит. Носете го со фенси здолниште доколку сакате да го постигнете познатиот француски шик, или пак со фармерки, панталони и шорцеви за малку покежуал изглед.
Прочитај повеќе за овој тренд тука
БЛЕЈЗЕРИ
Па, наместо во партиска книшка, инвестирајте во вашиот стил и изгледајте како девојка која што секој сака да ја има во своја близина.
види повеќе » |