Многумина ќе се испотат од ова мешање на Гавазова во огледалото – и закопчана до грло зашеметува
Не само што изгледаше с*кси, туку и фустанот што го носеше е полн погодок за овој период од годината
Нашата музика ѕвезда Сузана Гавазова своето тело го има донесено во беспрекорна форма, па сега гордо го покажува.
И покрај тоа што има две бремености зад себе, на нејзината линија можат да и завидуваат и двојно помлади девојки, а нејзиното тело знае да го истакне во центарот на вниманието и кога е закопчана до „грло“.
Впрочем така беше и овој пат кога пејачката позираше во преубав фустан во смарагдна зелена боја, совршен за овој период.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа позираше пред огледалото и занесно играше, па веруваме дека многумина не можеа да и одолеат на оваа глетка.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Сузана Гавазова важи за една од најбараните, но и најплатените музички ѕвезди во нашата земја.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката веќе долго време е присутна на нашата музичка сцена, а неодамна со неа поразговаравме токму за нејзините настапи. Таа секогаш е максимално расположена и полна со елан кога е пред својата публика, и знае како да направи незаборавна атмосфера. За сето ова секако дека треба да се има и мнооогу енергија, а како што ни откри таа самата, енергија не само што не и недостасува, туку би можела да пее и месец ден и воопшто да не почувствува замор, а се што и е потребно е само добар сон од шест часови дневно.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Моите настапи бараат доста енергија и јас на моите настапи се давам целосно, но ако имам добра публика тогаш воопшто не чувствувам замор. Некогаш не можам да поверувам колку можам и колку имам енергија и сила, но мислам дека таа енергија ми ја дава публиката назад, така да можам секој ден да пеам месец дена и да не осетам умор, нормално ако пазам на исхрана и сепак да спијам барем 6 часови на ден“ откри Гавазова неодамна во интервјуто за Гламур магазин.
Целото интервју со Гавазова прочитајте го тука…