Многу мажи му завидуваат на Благоја заради ова, а НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ отсекогаш го обожавале (фото)
И во седмата деценија ист како и пред 30 години

И денес важи за еден од најголемите фраери на сцената
Благоја Грујовски со својот изглед и енергија изгледа минимум 20-на години помладо, па не е лесно да се заклучи колку е стар.
Неговото име веќе со децении е синоним за добра фолк песна, со кои пејачот досега им освоено бројни награди.
Принтскрин/ Јутуб
Тој важи за врвен интерпретатор иако својата кариера ја започна како новинар и со оваа професија се занимаваше долги години.
Благоја и по образование е новинар, а неговата музичка кариера започнува сосем случајнo со песната „Туѓино јабано“ која и денес е хит.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Беше тоа во 1993 година на „Цветници“, кога и започнува патешествието на Благоја како пејач на народна музика.
Тој преку ноќ и стана миленик на публиката, посебно на дамите, а многумина за него велат дека изгледа како воопшто да не се променил, иако поминале повеќе од три децении.
Принтскрин/ Јутуб
Тој е ценет како според својата вокална техника и професионализмот, така и заради харизмата и неговата префинетост што ја поседува, а важи и за еден од омилените пејачи меѓу колегите музичари.
Благоја до неодамна го гледавме и во улога на водител, во емисијата Везилка, а деновиве е актуелен и со освоеното второ место на „Фолк-фест Валандово“ кога настапи со младата Василија Петрова.
Нивната песна „Што си ветивме“ веднаш ја освои публиката (повеќе за ова прочитајте тука), а Благоја блескаше на сцената покрај својата помлада колешка, откривајќи дека неговиот шарм, но и глас воопшто не изгубиле од харизмата што ја поседуваат, иако се приближува кон средината на седмата деценија од животот.
Потсетуваме, Благоја од својот прв брак со водителката Татјана Стојановска го има синот Матеј, а од вториот, со Ирена, го доби синот Марко, и никогаш не криел дека токму од нив ја добива најголемата поддршка за сето она што го работи во животот.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Но, она што исто така го издвојува од останатите колеги е и тоа што Благоја и во седмата деценија изгледа мошне младолико.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тој е полн со енергија, како физичка така и духовна, па и денес сите се изненадени кога ќе слушнат колку години има.
Имено, Благоја е роден на 16 септември 1962 година, во Скопје, така што за неколку месеци ќе го прослави својот 63 роденден.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Затоа и со право многумина го нарекуваат македонскиот Доријан Греј, но и се прашуваат кој е неговиот еликсир на младоста.
А што вели тој самиот за неговиот изглед, откријте тука.