Стил

Многу Македонки ги обожаваат фустаните на Ивана – неверојатно изгледа во нив, ќе се воодушевите

Вдахновени со женственост, материјалот совршено паѓа...

Advertisement

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека фустаните на оваа наша позната дама можат да направат вистинска драма.

Да, во прашање е грациозната Ивана Кнез која стои зад модниот бренд „Драма“ и која прави фустани што дамите ги обожаваат.

Advertisement

Наши бројни познати дами имале чест да носат некои од нејзините атрактивни креации кои на најубав начин го истакнуваат женското тело. Впрочем таква е и новата колекција на Ивана, која овие денови се фотографираше во неколку свои феноменални модели и повторно никого не остави рамнодушен.

Фејсбук/ Ивана Кнез

Овој пат во фокусот ни се два фустани кои овие денови го видоа светлото на денот, а во кои позираше Ивана и не освои од прва.

Advertisement

Таа со вие свои изданија направи вистински бум на социјалните мрежи и изгледаше како светските модни икони.

Фејсбук/ Ивана Кнез

И како што самата вели, таа сака да прави фустани во кои жените се чувствуваат како ништо на светот да не може да ги запре.

Фејсбук/ Ивана Кнез

„Вие сте мојата инспирација, овој модел кој кога го носиш знаеш дека ништо на светов не може да те застане. Симбиоза на две мои омилени култури, нашата и јапонската, фузија на кимоно и наша народна кошула осовременето за денес но и за некоја стилска иднина. За мои жени, за мои љубови и инспирации“, напиша таа под едно од овие свои изданија.

Во прашање се креации во кои секоја дама ќе биде забележана, нето што сигурно и Ивана го имаше на ум додека ги креираше истите.

Фејсбук/ Ивана Кнез

Тие на еден боемски и гламурозен начин го истакнуваат убавото женско тело, а дека тоа навистина е така зборуваат и бројните позитивни коментари под фотографиите, како на сметка на беспрекорниот изглед на дизајнерката, така и на сметка на генијалноста.

Фејсбук/ Ивана Кнез

Фејсбук/ Ивана Кнез

„Вие сте мојата љубов и мојата инспирација, вие сте моите жени“, додаде познатата македонска модна дизајнерка.

Па, која од овие две креации ви се допаѓа повеќе?

Бонус галерија

Фејсбук/ Ивана Кнез

Едно малку поинакво издание…

Фејсбук/ Ивана Кнез

Фејсбук/ Ивана Кнез

Фејсбук/ Ивана Кнез

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button