Наши ѕвезди

Многу девојки и денес се луди по него, а еве како Мики ИЗГЛЕДАЛ ВО МЛАДОСТА, ќе се изненадите

Неколку моменти од животот на Мики Секуловски

Advertisement

Познатиот пејач некогаш и сега

Мики Секуловски моментално важи за еден од најбараните пејачи кај нас, посебно по неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Пејачот често патува и има настапи како во Македонија, така и во регионот, а во изминатиов период настапуваше и како придружен вокал на концертите на балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ која му беше менторка во популарното шоу.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Како Мики изгледал некогаш?

Потсетуваме, Мики своевремено се натпреваруваше и во Македонскиот идол, кога имаше само 22 години и кога ја започна кариерата.

Advertisement

Тој тогаш славата ја стекнува преку ноќ, а по завршувањето на шоуто ќе сними и неколку песни, но нема да оствари некој поголем успех.

Принтскрин/ Јутуб

Мики во белгиското шоу „The Voice“

Неколку години подоцна Мики ќе замине во странство, да му помогне на своето семејство и на болниот татко.

Овој период од животот е мошне тежок за него, посебно по смртта на неговиот татко, кога Мики ќе одлучи да се врати во Македонија.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Ќе се соочи и со депресија, за да во еден момент да реши да ја послуша својата мајка и да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.

Повеќе за овој период од животот на Мики, откријте тука

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики претходно, додека беше во странство, имаше искуство и со едно белгиско шоу каде исто така брилираше на сцената.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики на концертот на Цеца

Сепак, најголемиот успех ќе го постигне во „Ѕвездите на Гранд“, каде со својата менторка Цеца ќе успее да го освои високото второ место.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Како изгледаше Мики некогаш, на почетокот од кариерата, но зошто и денес важи за миленик на многу дами, погледнете од фотографиите и видеото дадено во продолжение…

Инстаграм/ Мики Секуловски

Фејсбук/ Мики Секуловски

Потсетуваме, Мики со првото појавување во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушеви сите, а Саша Поповиќ веднаш го позна неговиот потенцијал.

Впрочем тоа можеше да се заклучи и кога му порача на пејачот да остане доследен и дека со учеството во шоуто ќе му се отворат многу врати, што на крај и навистина се оствари.

Овие неколку зборови што тогаш Поповиќ му ги кажа на Мики пред камерите нема никогаш да ги заборави, а што точно му кажа и како реагираше Мики тогаш, откријте тука

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button