Наши ѕвезди

Многу бев поврзан со татко ми, си бевме како другари – емотивна исповед на Дамјан Стојаноски

„Народната музика тој ми ја врежа. Несвесно, но многу длабоко“, вели Дамјан за својот татко

Advertisement

Емотивна емисија што допре до многу срца

Нашиот млад и повеќе од успешен пејач на македонска народна музика, Дамјан Стојаноски, во најновата емисија „Кафе муабети“ зборуваше за својата кариера, но сподели и многу други детали поврзани со професијата, па и со приватниот живот.

Advertisement

Разговаравме за иднината, но и за минатото, а пејачот ни откри дека повеќе се радува на верските празници, отколку на Нова година.

Принтскрин/ Јутуб

Тој деновиве замина на турнеја во Австралија, а моментално е активен и со својата нова песна „Сестро да си простиме“, со која ги воодушеви сите, но и расплака многумина со емотивниот текст (види тука).

Advertisement

Дамјан во емисијата „Кафе муабети“ раскажа и моменти од детството додека неговиот татко, легендата на македонската народна музика, Војо Стојаноски бил жив. Тој со него во младоста често настапувал, но и од него најмногу научил кога е музиката во прашање.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, на прашањето на водителката што „купувал“ од неговиот татко, кои мудрости ги научил од него, пејачот .

„Пред се како и секој родител, како и секој татко, совети за животот. Многу бев поврзан со него, секаде каде што можеше да одам, одев, и веќе во тинејџерските години бевме баш како другари“ вели Дамјан.

Самото слушање на неговата интерпретација и неговите песни, потсвесно ме учеле. Иако одев и на музичко, нижо, средно, потоа и на факултет, класичната музика ја изучував таму, но сепак, народната, некако, тој ми ја врежа. Несвесно, но многу длабоко“, вели Дамјан во емисијата.

Целото интервју со него погледнете го во продолжение, а тука погледнете го и спотот за неговата најнова „семејна“ песна.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button