Млака вода со лимон наутро? Не! Познатиот гастроентеролог предупредува – ова е сто пати подобра варијанта!
Млака вода со лимон? Повеќе мит отколку полза.

Пиењето топла вода со лимон наутро одамна стана глобален тренд, особено меѓу оние кои сакаат да го започнат денот на „здрав“ начин. Но дали навистина има толку благодети како што се зборува?
Познаатиот гастроентеролог д-р Војислав Перишиќ ја разбива оваа популарна утринска навика и нуди сосема поинаков пристап – комбинација од мед, кафе и ракија.
Млака вода со лимон? Повеќе мит отколку полза
„Млака вода со лимон може само привремено да го прошири желудникот и да го намали чувството на глад. Нема некоја значајна биолошка функција“, вели д-р Перишиќ.
Тој објаснува дека лимоновата киселина е слаба киселина која го инхибира лачењето на силната хлороводородна киселина во желудникот, па затоа некои луѓе се чувствуваат подобро кога ја пијат оваа утринска напивка.
„Биохемиски гледано – лимоновата киселина не е лоша, но не прави чуда. Повеќе е момент на утеха отколку навистина корисен утрински ритуал“, вели тој.
Мед, кафе и ракија – традиционалниот трик за добар старт
„Во моето село, денот започнуваше со лажичка мед, чашка ракија и турско кафе. Зошто? Медот го буди мозокот, кафето го остри умот, а ракијата ни ја поткрева атмосферата“, раскажува Перишиќ со доза хумор, повикувајќи се на традицијата од неговото семејство.
Според него, медот е еден од најдобрите природни лекови.

„Медот е стерилен, без штетни бактерии. Делува како мелем на рана и е многу корисен во борбата со воспаленија. Од него се прави перга – соединение со 35 биоактивни супстанци што делуваат силно на нервниот систем и ја подобруваат неговата функција.“
Но и тука има мерка – Перишиќ предупредува дека не треба да се претера. „Медот ја подобрува когнитивната функција, но не треба повеќе од три лажички дневно. Претераното внесување го оптоварува панкреасот, па наместо корист, добиваме штета“, вели тој.
Иако модерните трендови препорачуваат лимонова вода како решение за сè, од детоксикација до слабеење, експертите како Перишиќ потсетуваат дека традицијата, умереноста и знаењето често се поефикасни од новите методи.