Младиот пејач од Македонија ќе се расплачеше заради коментарите што ги доби во Ѕвездите на Гранд
Натпреварувачот не успеа да го придобие жирито, но и ќе „пукнеше“ од мака заради негативните коментари...
Велешанецот Иван Милевски беше потполно разочаран по неговиот настап на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“.
Младиот пејач иако ја избра една од најубавите песни од Тоше Проески, „Тајно моја“, од Марија Шерифовиќ најпрво доби паник-тастер, по што следуваше и нејзиниот потполно ироничен коментар.
„Прво Тоше, па Само Боб, па втората песна ја испеа и малку на оперски начин, и да ни покажеш сé, како растураш“, беше иронична Марија.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
На истиот начин и Босанац го коментираше настапот на Иван, прашувајќи го зарем нема некој друг освен Тоше да го изберат.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Ти си премногу паметен. Ти убаво направи интрига, сега ќе се дискутира за тебе, немаме никој од Македонија, ќе поминеш најверојатно во бараж и ете. Ма дај жити мајка, имате ли вие некој друг освен Тоше да пеете? Тој навистина беше бисер, злато македонско, па не мора секој да го пее него“ коментираше Босанац по настапот на велешанецот.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, во претходната емисија и Македонката Ана Марија Илиевска беше разочарана од коментарите и за малку ќе заплачеше на сцената. Но таа сепак успеа да освои три гласови и да помине во следниот круг, за разлика од Иван кој и в баражот не успеа да се пласира.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Ана Марија исто така беше разочарана од Шерифовиќ, но и самата призна дека била совладана од тремата и дека е изненадена што успеала да помине, благодарение на трите гласови од жирито.
Од овие причини таа за менторка ја избра Светлана Цеца Ражнатовиќ, но не заборави да им се заблагодари и на другите што гласаа за неа.
Како изгледаше и нејзиниот настап погледнете тука, додека настапот на Иван од Велес може да го погледнете во продолжение…