Е можело и вака – браво за овие млади луѓе!
На една Фејсбук страница овие денови беше споделено видео што предизвика воодушевување на целиот Балкан.
Имено, во видеото се слуша песната од Лепа Брена „Југословенка“, но во техно верзија, а на журката многу млади луѓе.
Принтскрин/ Фејсбук
Сите се весели и разиграни, а можат да се видат и знамињата од сите републики од поранешна Југославија, како младите луѓе ги веат едни до други, што предизвика големо воодушевување на целиот Балкан.
Следуваа бројни коментари, а сите се согласни дека овие млади луѓе едноставно се прекрасни и заслужуваат едно големо БРАВО.
Принтскрин/ Фејсбук
„Оставете ги младите да се дружат и почитувајте и живејте во мир! Не треба глупи коментари бидејќи заради тоа и многу семејства се завеани во тага“, „Срцето ќе ми излезе од тоа колку сум среќна кога ќе видам ова. Совршено, браво!“ беа само некои од коментарите под видеото што преку ноќ сана хит на целиот Балкан.
Потсетуваме, спотот за песната Југословенка Лепа Брена го сними во 1989 година и таа тогаш беше симбол на Југославија.
Принтскрин/ Јутуб
Таа ги полнеше спортските сали низ поранешните републики и секогаш недостасуваа билети за нејзините концерти, а оваа песна беше токму еден од нејзините најголеми хитови кои ја одбележаа нејзината кариера, а која ја сними со најголемиот фраер од тоа време, Владо Калембер.