Наши ѕвездиСтил

Младата сопруга на професорот Вело Марковски никогаш поубава – сите го коментираат нејзиното издание

Евгенија блеска во преубавиот цветен фустан

Advertisement

Едно од најубавите изданија за ова лето

Поранешната манекенка Евгенија Марковска ова лето покажа како изгледа во костим за капење, но и во преубави фустани.

Advertisement

Сопругата на проф.д-р. Вело Марковски досега многу пати истакнала дека разликата во годините не и пречи, но и дека не ја засегаат негативните коментари поврзани со нивната љубов.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Тие веќе долги години се во брак и имаат две прекрасни дечиња, а на Вело не само што не му пречи тоа што неговата сопруга е мошне активна на социјалните мрежи, туку и тој самиот често знае да сподели интересни фотки на кои се заедно и да предизвика голем внимание.

Advertisement

Имено, тие и двајцата се мошне активни на социјалните мрежи и споделуваат и фотографии од својата приватност, па и заеднички.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Така беше и неодамна кога професорот позираше на плажа покрај сопругата, со што предизвикаа бројни реакции.

Но покрај овие морски изданија на Евгенија на кои таа изгледаше како сирена, поранешната манекенка овие денови сподели и неколку фотографии кои како да се излезени од некое модно списание.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Евгенија овој пат не се пофали со својот рамен стомак и лице без шминка, туку со преубавиот летен фустан што го носеше.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Но таа повторно блескаше од глава до пети, па следуваа и бројни комплименти на сметка на нејзиниот природен изглед.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Потсетуваме, јавноста на почетокот беше шокирана од разликата во годините помеѓу Вело и Евгенија, но тие покажаа дека тоа не им претставува никаков проблем во љубовта.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

И не само тоа , тие денес важат за мошне складен пар, а Вело неодамна ни откри како се снаоѓа во улога на татко.

Повеќе за ова прочитајте тука >>>

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инстаграм/ Евгенија Марковска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button