Младата пејачка од Бугарија ги освои Македонците во Австралија, но и нејзиното срце е полно (фото)
Василија со својата весела тајфа им приредија забава за паметење на нашите иселеници

Младата пејачка Василија Петрова откако се појави на сцената за кратко време стана омилена кај македонската публика.
Но таа во изминатава година имаше и неколку настапи и во дијаспората, каде исто така има верна публика, за што сведочат и нејзините објави на социјалните мрежи од турнејата во Австралија.
Имено, Василија заедно со својата екипа, но и со пријателката и колешката Сања Здјелар, ја заврши својата прва турнеја во оваа земја.

Фејсбук/ Василија Петрова
„Заврши мојата прва турнеја низ Австралија! Срцето ми е полно…преубави спомени, стекнати нови пријателства и уште поголема желба да испеам уште многу песни и да ги подарам на македонскиот народ каде и да е! Поминавме многу километри, одржавме голем број на концерти и се изнапеавме македонски песни за сите наши роднини, познаници и пријатели! Цел месец дружба, смеа и работа со неверојатна екипа на турнеја “Имат немат” – INTV, Лазе и Лиз Наумоски, Ване Петкоски, Благојче Стојановски- Туше, Сања Здјелар, Влатко – Гајда, Ненад Стоименов, Жанко ЗШ, Влатко Секулоски, Драган Степановски и Тоше Тодоровски! Живи, здрави и весели, да се гледаме повторно за убави моменти и убави песни!“, напиша Василија на својот профил на Фејсбук, воодушевена од тоа како беше дочекана во оваа земја.
Пејачката очигледно за кратко време и таму стекна своја верна публика, па не чуди што и на настапите секогаш беше преполно.
Нашите иселеници во Австралија се познати по тоа што сакаат да се веселат на добра македонска песна, а Василија уште еднаш покажа зошто е една од најбараните пејачки од помладата генерација.

Фејсбук/ Василија Петрова
Нејзината енергија кога е на сцена ја освојува публиката, а како таа изгледа кога е во „акција“, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Василија Петрова
Потсетуваме, Василија на „Фолк-фест Валандово“ настапи со Благоја Грујовски и го освоија второто место на фестивалот.

Фејсбук/ Василија Петрова
Ова беше извонреден успех за младата пејачка која полека но сигурно се искачува на нашето ѕвездено небо.

Фејсбук/ Василија Петрова
Таа по потекло е од Бугарија, но за себе вели дека е Македонка, односно нејзините предци по потекло биле од Кочани.
Повеќе за ова прочитајте тука >>




