Млад брачен пар ја посвои слатката Даниела – но, вистината за неа ги шокираше!
Посвоена од млад брачен пар, но нивниот живот засекогаш се промени...

Млад брачен пар реши да посвои девојче, но вистината за нејзиното потекло ги остави без зборови.

Откако станаа родители на четири синови, семејството Лајров реши дека сакаат да ја прошират својата фамилија со ќерка. Во потрагата по „идеалната ќерка“, прелистувале каталог со илјадници деца кои чекаат посвојување, сè додека едно девојче не им го заробило срцето.
– Имаше нешто во нејзините очи што ја издвојуваше од другите деца и ми кажуваше дека таа е нашата иднина – раскажува госпоѓа Лајров.
Брачниот пар почнал да истражува повеќе за животната приказна на девојчето. Она што го дознале им ги скршило срцата.
Даниела, тогаш седумгодишна, од раѓање била жртва на тешко семејно злоставување. Откако биле откриени ужасните услови во кои живеела, таа најпрвин била префрлена во болница, а потоа во специјализирана установа, додека на нејзината биолошка мајка ѝ било трајно одземено старателството.
Полицаецот кој ја пронашол Даниела при претрес на домот изјавил дека тоа било најстрашниот случај на злоупотреба на дете што го видел во целата кариера.
Девојчето, кај кое подоцна било утврдено дека има аутизам, живеело во целосна изолација и нехигиенски услови. Единственото што знаела било да оди — таа не зборувала, не воспоставувала контакт со луѓе, ниту покажувала било какви други основни животни вештини.
Но, денес сликата е целосно поинаква.

Благодарение на љубовта и пожртвуваноста на семејството Лајров, по седум години, Даниела ужива во детството кое никогаш претходно не го имала. Денес таа обожава да се капе и да јава коњи на фармата каде што живее со своите родители.
– Да се грижиш за дете со посебни потреби е работа која трае 24 часа на ден. Јас ја прифатив Данјела таква каква што е. Таа е мојата ќерка и ја сакам безусловно – вели нејзиниот татко.