NEWSВестиЦрна хроника

Мистериозна смрт во Тетово: Безживотно тело на млада жена пронајдено меѓу згради

Се истражува дали се вмешани и други лица во нејзината смрт

Advertisement

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.

Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, соопшти обвинителството.

Advertisement

Безживотно тело на младо женско лице е најдено синоќа помеѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, беше почнат е увидот од страна на полицијата, а на местото беше и јавен обвинител.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово. објави Скопје1.мк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button