Мистериозна порака на Сузана Спасовска – Бог ви дал ум, искористете го, топлата вода е измислена одамна?!
Нашата позната пејачка на народна музика ги заинтригира сите со пораката што ја објави на социјалните мрежи

Необична порака на профилот на Сузана
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Спасовска ги изненади сите со пораката што ја напиша на својот профил на социјалните мрежи.
Таа иако беше поприлично жестока во коментирањето, но не открива за кого се однесува пораката што ја сподели.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Очигледно револтирана, Сузана реши да се огласи, а она што го напиша ги изненади нејзините бројни обожаватели.
„Мои мили и почитувани!!! Време е, да си пронајдете нешто свое, лично! Смислете, сонувајте, искреирајте, конкретизирајте, кои сте, што сте, кај сте и зошто сте? Бог, ви дал ум, на сите! Употребете го!!! Употребете го, најдраги мои, најмногу за свое добро, но, и за добро на овој свет и нашата мајка Македонија!, напиша Сузе на својот официјален профил на Фејсбук, па ги додаде и следниве зборови:
Фејсбук/ Сузана Спасовска
„И, потсетете се, дека се’ почнало одамна, и топлата вода е одамна измислена“, пишува во пораката што македонското златно грло ја сподели на социјалните мрежи, а на која на самиот почеток и даде наслов „Мозаикот македонски“.
Не е познато дали некому и кому се упатени овие зборови, но коментари ги преплавија социјалните мрежи.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Потсетуваме, на овогодишното доделување на наградите „Златна бубамара на популарноста“, особено внимание привлече заслужената награда која стигна во рацете на Сузана.
Таа ја доби наградата за трајни музички вредности, а многумина се согласија дека уште од порано требала да ја земе оваа награда.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Но, некои нешта навистина пристигнуваат во вистински час, колку и да мислиме дека задоцниле, по Божја промисла.
Фејсбук, Сузана Спасовска
Наградата пристигна непосредно пред големиот јубилеј, 40 години музичка кариера на Спасовска.
Имено, Спасовска следнава година ќе одбележи голем 40 годишен јубилеј, а во изминативе четири децении ѝ остави огромно музичко наследство на нашава земја.
Од денешна временска дистанца, можеби тешко ви е да ја замислите како дел од забавната естрада, но токму од таму започна, за потоа толку сигурно да се етаблира на врвот на македонската фолк музика што практично стана македонска икона на народната песна.
Повеќе за ова прочитајте тука.