Реклама
Шопинг

Дали сте знаеле дека во Зара постои мистериозен оддел од кој (најверојатно) никогаш не сте купувале?

Реклама

Нешто што најверојатно не сте го знаеле за Зара

Веруваме дека и вие сте една од оние зависнички од понудата на шпанската Зара која важи за еден од најпознатите комерцијални брендови во Македонија. Најверојатно ги знаете сите нивни производи, како од актуелната така и од минатата колекција, но дали знаете дека постои оддел на кој не одите кога сакате да се подновите со ново парче облека?

Маркетинг

Имено станува збор за добро познатиот дел од оваа продавница кој се нарекува Zara home и кој воглавно го врзувате со чинии, чаши и останатиот прибор за јадење, но и миризливи свеќи, перници и чаршави и се друго за вашиот дом. Но во продавниците на Зара во кои го има овој оддел многу често можете да уловите и по некое одлично парче облека, кои се етикетирани како облека за дома, но дефинитивно не изгледаат така – на пример земете ги прекрасните ленени џемпери или панталони. Тука можете да најдете и преубави ноќници од кои некои изгледаат како фустани, папучи, чанти, но и ленени фустани и панталони.

Маркетинг

Не велиме дека можете да направите детален шопинг како во вистинската Зара, но не е лошо одвреме-навреме да ја погледнете и оваа понуда, особено ако знаете дека другите жени немаат навика таму да купуваат па многу лесно би можеле да изгледате посебно.

Но, нека остане ова една наша мала тајна. Може?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button