Мистеријата е откриена – каков фустан облече Меланија Трамп на балот за инаугурацијата (видео)
Креацијата на Меланија беше дизајнирана од нејзиниот личен стилист и дизајнер Ерве Пјер.
54-годишната нова прва дама на Соединетите Американски Држави Меланија Трамп долго ја чуваше тајната околу изборот на фустан за инаугуративниот бал, кој овојпат се одржа во конгресниот центар во Вашингтон.
Сопругата на американскиот претседател ја облече нејзиниот долгогодишен стилист Ерве Пјер, кој беше и дизајнер на нејзиниот балски фустан во 2017 година.
Овој пат, Меланија облече долг, лелеав бел фустан со шлиц до бутовите и црна лента која го следи работ на фустанот.
Фустанот без прерамки ја покажа нејзината фигура и ги нагласи нејзините долги нозе. Во оригиналната скица на дизајнерот Пјер, концептот на самата лента на фустанот треба да симболизира лента обвиткана околу букет цвеќе.
За да го создаде вториот инаугуративен фустан на Меланија Трамп, Пјер побарал помош од шивачка родена во Кина со ателје во Њујорк. Според него, „модата е за очи, а на другите им останува да смислат свое толкување“.
Меланија го комплетираше својот изглед со црн чокер со дијамантски брош од 1955 година од Хари Винстон и бели чевли со високи потпетици. Долгата коса ја остави пуштена, додека шминката беше вечерна и посилна.
„Ми беше чест да соработувам со првата дама на дизајнот на нејзиниот инаугурациски фустан. Беше јасно дека г-ѓа Трамп гравитираше кон комбинација на црно и бело, во согласност со нејзиниот сопствен стил и визија“, рече дизајнерот.
View this post on Instagram
Со создавањето на инаугурациските фустани на Меланија Трамп, Ерве Пјер им се придружува на неколку други дизајнери кои го направија истото – Џејсон Ву ја облекуваше Мишел Обама во 2011 и 2015 година, Џејмс Галанос дизајнираше облека за Ненси Реган во 1985 и 1989 година, а Нети Розенштајн тоа го направи за Мами Ајзенхауер во 1953 и 1957 година.
Кога Евре Пјер првпат ја запозна Меланија преку нејзината поранешна советничка Стефани Винстон Волкоф, тој имаше проблеми да најде работа, и покрај неговиот долг работен стаж во Каролина Херера и искуството во Оскар де ла Рента, Балмен, Ланвин и други европски луксузни модни куќи. По комуникацијата со Меланија Трамп за соработката на фустан за инаугуративната бал во првиот мандат на Трамп, на покана на Меланија дизајнерот се согласи да продолжи да работи како нејзин стилист во првите четири години во Белата куќа. Оваа соработка продолжува до ден денес.