Парфемот е наменет за сензуални и страсни жени
Познатата италијанска куќа која не воодушевува со колекциите во кои доминираат силни бои и еклектични графички дезени конечно го лансираше новиот парфем со едноставно име Missoni.
Парфемот е совршен спој на цветни и овошни мириси кои заедно со дрвенесте тонови ја истакнуваат заводливоста и посебноста на жената. Според одговорните во брендот, овој парфем потполно ја содржи ДНК-та на брендот кој воедно ја спојува елеганцијата, вкусот и префинетоста, додека за креативната директорка Ангела Мисони претставува совршен вечерен фустан во кој секоја жена се чувствува неодоливо. Токму за тоа зборува и необичниот дизајн на шишенцето, а неговото заштитно лице е топ моделот и актерката Елиса Седнаоу, која е позната и како кума на Кристијан Луботин. Парфемот ќе биде достапен во пакувања од 30, 50 и 100 мл.