Диети

Волшебната формула 80/20 на Миранда Кер

Реклама
Реклама

Ангелот на Викторија Сикрет и заштитното лице на манго за пролет/лето 2013 се придржува до волшебната формула 80/20.

Маркетинг

Еве што изјави таа за блогот на Манго, чие е заштитно лице за пролет/лето 2013 година:

„Од секогаш го ценев стилот на Одри Хепберн, иако мојата баба за мене беше стилска икона. Го обожавам нејзиниот класичен, безвременски стил. Често ги носам нејзините старовремени „винтаж“ фустани!

Јога, пилатес, планинарење .. и волшебната формула 80/20

Маркетинг

Австралиската убавица е една од најпосакуваните жени во светот. Таа секогаш изгледа отмено и секси, иако модата не ја доживува премногу сериозно. „Ја обожавам модата и навистина сум пресреќна поради позитивните реакции во јавноста, но навистина не размислувам многу за тоа. Се облекувам во зависност од расположението и приликата“ – зборува заносниот ангел на Викторија Сикрет која наскоро (20 април) треба да го прослави 30-от роденден.

Но, јавноста многу повеќе се интересира како оваа млада мама ја одржува нејзината беспрекорна линија. „Вежбам редовно. Практикувам најразлични тренинзи, јога, планинарење, пилатес.. Вежбам секојдневно и тоа со големо задоволство. Настојувам да јадам здраво и секогаш го следам правилото 80/20. Тоа во превод значи 80- посто јадам здраво, а оние преостанати 20 се наградувам со некои нешта кои што ги обожавам, а кои можеби и не се баш најздрави. Верувам дека не е добро да се претерува и да се оди во крајност, па токму затоа распоредот 80/20 ми е супер!“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button