Мира Бањац скршена од болка, почина нејзиниот син – „бев на работ да кренам рака врз себе, позајмував пари од лихвари“
Легендарната српска глумица го загуби синот кој вчера почина по компликации од пневмонија.
По кратко боледување вчера почина синот на легендарната актерка Мира Бањац, Бранислав Јовановиќ.
– Бранислав (74) почина по компликации од пневмонија. Денот и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна – изјави пријателка на Мира Бањац за српските медиуми.
Бранислав беше единственото дете на големата актерка, кој го имаше од бракот со инженерот Андреј Јовановиќ, нејзината прва голема љубов.
По разводот, синот останал да живее со мајка си во Нови Сад и бил нејзината најголема поддршка.
– Во моментот на разводот, Бране беше премлад за да има втор татко, а подоцна, кога порасна, повеќе не му требаше втор татко – изјави своевремено легендарна актерка Мира Бањац кога новинарите ја прашаа зошто не се омажила повторно.
Мира никогаш повеќе не претстави ниту еден од своите партнери во јавност, само еднаш изјави:
– Не ми недостасуваше почит од мажите. Моите луѓе ме сакаа.
Тежок живот на самохрана мајка
Актерската кариера на Мира започна во Нови Сад, а вистинското признание го стекна во Белград, кога стана членка на Ателје 212. Сепак, патот до успехот беше трнлив.
По разводот останала сама со синот и се соочила со тешки финансиски проблеми.
„Бев на работ да кренам рака врз себе. Позајмував пари од лихвари кои наплаќаа три пати повеќе. Очајот ме натера да размислувам за најлошото. Потоа ми се јави Стипе Делиќ и ми ја понуди главната улога во серијата “Марија”.- се сеќава Мира во едно интервју.
Големите улоги дојдоа во нејзините позрели години, а веќе извесен период е повлечена од јавноста.
„Го сакам семејството и домаќинството. Во недела готвиме супа, печеме колачи, одиме на пазар и разговараме со старите жители на Нови Сад. Тоа е мојот живот и уживам во него“, изјави таа еднаш за српски Курир.
„Бране беше и остана мојата најголема љубов“
Мира Бањац, легендарната српска актерка, во животот поминала низ многу подеми и падови, а еден од најважните делови од нејзиниот живот бил нејзиниот син Бране. Иако доживеала многу убави моменти во бракот со инженерот Андреј Јовановиќ, бракот не траеше долго.
„Се омажив за него кога имав 24 години и заедно радосно го дочекавме раѓањето на Бране. Сепак, набрзо сфативме дека сме сосема различни, дека имаме различни цели и дека не сме наменети еден за друг“, вели Мира Бањац. Разводот, посочува, не бил трауматичен за нивниот син кој имал само пет години кога се развеле. „Немаше грди сцени, но раздорот и недостатокот на блискост беа присутни. Го избравме најдоброто решение – разводот“, додаде таа своевремено во едно интервју.
По разводот Мира целосно му се посветила на синот, а Бране по пропаѓањето на бракот живеел со мајка си, во Нови Сад. Иако никогаш не се премажила, Мира секогаш нагласувала дека не ѝ треба друг маж.
„Бране беше и останува мојата најголема љубов“, признава таа.