Ретко кој дизајнер на накит успеал да се здобие со толкава доверба од своите клиенти, како што тоа ѝ успеа на Џенифер Фишер.
Ретко кој дизајнер на накит успеал да се здобие со толкава доверба од своите клиенти, како што тоа ѝ успеа на Џенифер Фишер. Оваа дизајнерка од Лос Анџелес со години е присутна во светот на модата и ги освоила срцата на познатите, па денес не е проблем да се наброи кој го носи нејзиниот накит. Се прашувате зошто толку го сакаат? Па, овие парчиња накит се со минималистичен дизајн, но со големи димензии и оставаат неверојатно моќен и доминантен впечаток.
Тој спаѓа во категоријата луксузен накит, а дизајнерката претежно работи со 18-каратно злато, а понекогаш и со дијамантски акценти. Безвременскиот дизајн го прави уште повреден, затоа што овој накит не спаѓа во класичната замка на трендови кои поминуваат. Создаден е да трае, а неговите сопственички се чувствуваат посебно и уникатно.