Наши ѕвезди

Мими се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и со песни од Пепи Бафтировски и Уснија Реџепова ги расплака сите

Еве како изгледа денес Мими Јовановска, пејачката која со својот глас го воодушеви целиот Балкан додека се натпреваруваше во шоуто

Advertisement

Беше една од најубавите и најдобрите пејачки во популарното шоу, а и денес е убавица што остава без здив.

Пејачката Мими Јовановска пред неколку години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ кога сите ги воодушеви.

Advertisement

Мими тогаш имаше само 19 години и важеше за една од најдобрите пејачки во популарното шоу, а снимките од нејзините настапи и денес се вртат на социјалните мрежи и имаат милионски прегледи.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Advertisement

Ова посебно се однесува на песната од Пепи Бафтировски со која ја воодушеви македонската публика, но и со големиот хит на Уснија Реџепова кога Мими со својата емотивна изведба расплака многумина.

Мими тогаш беше во тимот на Џенан Лончаревиќ и имаше само 19 години, а една година по шоуто се омажи.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Имено, оваа наша прекрасна млада дама во јули 2022 година заплови во брачните води со музичарот Филип Нуне.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Една година подоцна, односно во мај 2023, Мими се оствари и во улога на мајка и го роди својот прв син Никола.

Но Мими не само што не се откажа од музиката, туку та продолжи сериозно да ја гради својата кариера и денес со својот бенд важи за една од најбараните пејачки на македонските прослави и свадби.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Таа за брзо време по породувањето своето тело брзо го донесе во топ форма и повторно беше онаа истата, како никогаш и да не била бремена, само што мајчинството и додаде дополнителен шарм.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Продолжи и со настапите, а поприлично е активна и на социјалните мрежи преку кои комуницира со фановите.

Па така Мими сега сподели едно свое издание со кое сите ги изненади и никого не остави рамнодушен плус.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Позираше во тесен фустан во кралска сина боја, со голем отвор на стомакот, па многумина и порачаа дека изгледа преубаво.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Таа не ја тргаше насмевката од лицето, а со ова свое издание и со елегантниот имиџ и овој пат ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Мими Јовановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button