Ако има две нешта кои мажите ги сакаат, тогаш тоа се секс и насилство. Milla Jovovich е добра и во двете и оваа сензационална убавица ќе го докаже тоа уште еднаш во петтиот дел од серијалот Resident Evil.
Првично следниот Resident Evil беше планиран да биде поинаква приказна, но фановите не сакаа ниту да помислат на тоа без Мила да ја игра Alice. Па така навистина Resident Evil: Retribution ќе се појави во кината ширум светот каде и да е, а Мила Јовович несомнено ќе носи најздрави припиени аутфити додека растура зомбиеви мозоци. Само уште да имаше некој начин да се вметнат и пиво и фудбал во оваа равенка…
Погледнете ја малата галерија од Мила во жешки и опасни изданија од филмот, а потоа погледнете го и трејлерот!
{youtube}fetL5JuKGv4{/youtube}