Реклама
Култура[тор]

Македонски бенд кој ќе го вртиме на Фејсбук оваа недела – Милко!

Реклама

Што ме гледаш бледо ти, неупотреблив и немил си, носиш скапа облека ти, имаш се но не ти треба, и колку само за себе си зема?

Овие стиховите со од песната „Ти“ од култниот скопски бенд Милко кој неодамна го објави нивниот трет по ред албум насловен едноставно Милко.

Маркетинг

Првиот сингл од албумот „Ти“  беше реализиран некаде при крајот на минатата година. Сашо Митревски кој е вокалист и гитара, Филип Поповски басист и Стефан Терпини на тапани го работеја албумот од мај до септември во скопското marryPHAT студио.

{youtube}cu0dVyNf-H8{/youtube}

Маркетинг

Кој е Милко?

Скопскиот инди-бенд Милко се роди есента во 2006 година во една темна и многу валкана подземна просторија во една скопска населба и е плод на една заедничка идеја, која се разви преку имагинацијата и потребата од музичко изразување на сопствените скриени интимни чувства, велат во едно нивно интервју дечките од бендот. Инаку, името Милко овој бенд го носи од нивниот прерано починат пријател Милко Митревски кој воедно бил и првиот гитарист на нивниот бенд кој тогаш се викал „Никотин“.  Во 2010 година тие како Милко ќе го снимаат првиот албум „Никотин“ заедно со продуцентот Дејан Еврушевски во студиото „Бла бла бла“ и тоа со материјали од далечната 2003 година. Промоцијата на овој албум беше комбинација помеѓу концерт и арт-перформанс на кој настапија “Милко” и младата ликовна уметница Маја Кировска.  Пред овој албум, во март 2008 година го издаваат своето прво ЕП „Don’t let them win” со пет песни снимени и продуцирани со Димитар Петров. Една година подоцна, во 2009 го снимаат нивното второ ЕП издание „Changes” снимено во живо и продуцирано од Ненад Трифуновски. По првиот албум, кој се појави во 2010 година, следува албумот „Луѓе“ кој го издаваат во 2013 година во издание на ПМГ рекордингс и продуциран од Ивица Јанкуловски. Албумот се состои од 10 песни кои првпат се изведуваат на македонски јазик, меѓу кои „Маѓепсан и чудесен свет“, „Поглед“, „Ти не си сам“ и други. По неколкуте персонални промени, на местото бас-гитарист на овој албум се појавува младиот Филип Поповски, кој освен како бас-гитарист, има улога и на вокалист.

{youtube}Fa-Sch2yjqg{/youtube}

Песна од албумот Луѓе

{youtube}LROx7fFFGFU{/youtube}

Поглед

Ако сакате да слушнете нешто повеќе од Mилко посетете ја нивната официјална фејсбук страна или кликнете тука.

Култура[тор] – рубрика посветена на урбаниот живот, современите трендови и културата со цел да се промовираат вистинските вредности во македонската културна и креативна сфера. Следете не …

Поврзано

Back to top button