Наши ѕвезди

Милион долари за неа, и уште милион за погледот – македонската пејачка во „бесен“ ресорт во бикини не мисли на снегот

Убавицата покрај „бесконечен“ базен е (с)облечена во впечатливо црвено бикини што совршено ја нагласува нејзината беспрекорна линија.

Advertisement

Викторија Лоба повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со серија раскошни фотографии од Тајланд, каде што престојува во еден од најспектакуларните панорамски ресорти во Азија.

Лоба ја сподели сцената од Бијонд скајволк (Beyond Skywalk Nangshi) во провинцијата Пханг Нга, локација позната по погледите што изгледаат како од друга димензија.

Advertisement
фејсбук/Викторија Лоба

Убавицата покрај „бесконечен“ базен е (с)облечена во впечатливо црвено бикини што совршено ја нагласува нејзината беспрекорна линија.

Сонцето, водата и планините во позадина создаваат слика достојна за разгледница, а Лоба релаксирано ужива во тишината и величественоста на природата.

Нејзиниот избор на дестинација уште еднаш потврдува дека знае да го избере најдобриот луксуз што тајландските ресорти го нудат.

фејсбук/викторија лоба

Beyond Skywalk Nangshi важи за едно од најпосакуваните места за престој во Пханг Нга, и воопшто, во Тајланд.

Цените варираат, но ноќевањето во овој уникатен комплекс, познат по стаклените платформи што висат над шумите и гледаат кон заливот, може да достигне и до неколку стотици евра за вечер, зависно од сезоната и типот на сместување.

фејсбук/викторија лоба

Погледот кон заливот Пханг Нга, кој многумина го нарекуваат природно чудо, е причината поради која туристите од целиот свет се упатуваат токму таму.

Според описот што го сподели на социјалните мрежи, Викторија е во фаза на забавување на темпото и посветување на себе, а токму оваа дестинација ѝ овозможува мир, простор и инспирација. Фотографиите и коментарите повторно го потврдија нејзиниот статус како една од најгламурозните и најстилизирани јавни личности на македонската сцена.

фејсбук/викторија лоба

Не е првпат Лоба да ги освои мрежите со фотографии кои носат допир на егзотика и раскош, но овојпат комбинацијата од пејзаж, атмосфера и нејзиниот препознатлив магнетизам создаде вистински интерес. Таа очигледно знае како да ужива, а јавноста, како и секогаш, знае да го забележи тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button