Милена со шлиц што остава без здив пред камерите – водителката не сте ја виделе во вакво издание
Ги изненади гледачите

Водителката привлече внимание со фустанот што го носеше
Нашата позната водителка Милена Антовска-Станковска (38) често знае да ги изненади гледачите со своите модни комбинации.
Впрочем така беше и сега кога водителката реши со ова свое издание да се пофали и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Имено, Милена позираше во розов фустан со екстремно длабок шлиц, со што предизвика бројни реакции кај обожавателите.
Таа позираше насмеано, а ова нејзино издание дефинитивно не можеше да помине незабележано од останатите.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Шлицот беше толку длабок, што водителката мораше да го скроти и со рацете, истакнувајќи ги згодните нозе во преден план.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Глетка што сите ги воодушеви
Милена целото издание го заокружи со розови сандали со високи потпетици и свилени ленти врзани околу зглобовите, но и со кармин во нијанса речиси идентична со комбинацијата што ја носеше.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Потсетуваме, Милена досега повеќе пати истакнувала дек е среќна и исполнета жена, а често споделува моменти и со сопругот.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа пред неколку месеци се пофали и со подарокот што го доби од него, а и оваа глетка тогаш ги изненади сите.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Имено, Милена тогаш славеше роденден заедно со нивната ќерка Јоана која полнеше три годинки, а највозбудлив момент беше кога сопругот Гордан ја изненади со подарокот – црвен џип со огромна машна.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Покрај ќерката Јоана Милена и Гордан ја имаат и Лана Марија, а на овој незаборавен момент, потсетете се тука.