Милена се појави на свадба и го украде шоуто – и жените изненадени, посебно од овој детаљ на нозете
Милена носеше фустанот и чизми во боја на вино со кои никого не остави рамнодушен

Познатата водителка Милена Антовска-Станковска заблеска на една свадба на која се појави како холивудска дива.
И штом во ова издание се појави и на социјалните мрежи, веднаш доби бројни комплименти од следбениците, но и од колешките.
„Девојче, не си нормална како изгледаш“, ѝ порача една наша позната пејачка, а со сличен коментари се огласија и многу други.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
И ова навистина не чуди, бидејќи Милена во текот на летото ја гледавме во опуштени изданија или во своите деловни комбинации со кои се појавува пред камерите, така што овој пат заблеска во полн сјај и никого не остави рамнодушен.
Имено, водителката на свадбата се појави во фустан во боја на вино и зачинет со светки, кој беше „залепен“ за нејзиното тело.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Но и со отворено деколте со впечатлив крој, така што во преден план ги истакна облините и нејзината линија на која и по две бремености, многумина можат да и завидуваат.
Покрај гламурозниот фустан, она што посебно остави впечаток беа и високите чизми во нијанса на бургундец и со високи потпетици.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Овој модел дополнително беше истакнат и со тоа што фустанот беше проѕирен во долниот дел, па речиси целосно се гледаа.
Впечатлива беше и огрлицата што ја носеше, како и марамата во слична бордо нијанса, а целото издание го заокружи со преубаво стилизирана фризура и кармин во речиси истата боја како и целото издание.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение: