Милена изнајми викендица како од холивудските филмови – ВИСТИНСКА ОАЗА на само 200 км од Скопје
Базен, џакузи, недопрена природа...

Погледнете како ужива познатата водителка
Нашата позната водителка Милена Антовска-Станковска кога не е на снимање, времето го минува со најблиските.
Таа овој викенд заедно со сопругот и нивните деца беше во една преубава викендичка идеална за бегство од градскиот метеж.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Станува збор за сместување кое се наоѓа во непосредна близина на Беровското Езеро, опкружено со густа борова шума.
Во дворот има и преубав базен достапен за гостите, а Милена уживаше на ова место и се чувствуваше како во бајките.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа направи и едно селфи додека се сончаше покрај базенот, а потоа уживаше во прошетката околу езерото.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Вилата е направена во ретро стил и целата е од дрво, но истовремено ги има и сите погодности на комфорот и луксузот – од џакузи во апартманот, до огромниот базен во дворот.
Како Милена си ги полни батериите на ова волшебно место кое се наоѓа на само околу два часа од Скопје, погледнете во продолжение.