Мики „фатен“ заедно со Кате од „Соната“ како прават лом – неочекуван спој, цела кафеана изненадена
Еве што правеше Мики овој викенд...
Овој заеднички настап ги изненади сите
Мики Секуловски кој повторно е на врвот од својата кариера благодарение на „Ѕвездите на Гранд“ сподели интересна снимка.
Имено, Мики деновиве настапи со Кате и Трајче од „Соната“, а овој заеднички настап со своите сограѓани сите ги изненади.
Секако најсреќни беа ние што имаа прилика да ги слушнат во живо, посебно кога Кате и Мики запеаја заедно и ги воодушевија сите.
Инстаграм/ Кате Брезева
Потсетуваме, Мики Секуловски по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ настапува постојано и речиси да нема ни ден слободен, а во изминатиов период можевме да го видиме и како придружен вокал на концертите на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тој со Цеца која му беше менторка во шоуто настапуваше и во Дубаи, а ќе биде заедно со неа на сцената и за Нова година (види тука).
Инстаграм/ Мики Секуловски
На неговите настапи секогаш сите уживаат, а социјалните мрежи се преполни со снимки од неговите клупски свирки.
Инстаграм/ Кате Брезева
Впрочем така беше и овој пат кога настапи со своите сограѓани, кога сите ги изненади со одличната атмосфера што ја направија.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…