Мики Црнокрак откри зошто е најсреќниот човек – ова е неговото најголемо богатство и сé во животот
Велат дека децата се најголемо богатство за секој родител, но ќерките секогаш се нешто посебно за татковците...
Ова беше посебен ден и за поранешниот манекен и сопственик на модното студио Црнокрак, Мики Црнокрак.
Неговата постара наследничка Моника Црнокрак го прослави својот 26 роденден, па гордиот татко јавно и го честиташе.
Имено, Моника на својот профил на Инстаграм ја сподели неговата честитка, а под неа потенцираше дека си го сака својот татко.
„Среќен роденден лавице“, напиша Мики врз фотографијата на која Моника блеска во металик комбинезон во сина нијанса.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Покрај Мики роденденот на Моника претходно и го честитаа и нејзината мајка Светлана Црнокрак, но и сестричката Нина.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Моника откако ги сподели и нивните честитки, на својот Инстаграм откри и какво роденденско изненадување ја чекаше.
Станува збор за преубава розова торта што си ја доби за роденденот, па оваа млада шармантна дама откако си ја замисли желбата, очигледно реши да го овековечи и овој момент.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Потсетуваме, Моника има освоено бројни награди на разни натпревари за убавина, а минатата година беше прогласена за Мис фотогеничност на престижниот избор на Мис Европа во Бејрут.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Откако ги заврши студиите таа започна да работи и како водителка, па сега за неа слободно може да се каже дека е и една од најубавите дами на нашите мали екрани.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Таа е поприлично активна и на социјалните мрежи, а некои од нејзините најубави изданија, погледнете ги во продолжение…