NEWSВести

Мицкоски: Кацарска преку Уставен суд од следниот месец им ги намалува пензиите на 70% од пензионерите

Advertisement

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања остро реагираше на информациите дека Уставниот суд донел одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите. Според него, постапката е покрената по иницијатива на судијката Добрила Кацарска, која, како што рече, била „архетип на неправдата во судството“.

„Точно е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за која сите зборуваме, заедно со една друга обвинителка, кои беа симбол на неправдата и учествуваа во случајот со торбата ‘Луј Витон’, се оние на кои денес им пречи линеарното зголемување на пензиите“, рече Мицкоски.

Advertisement

Премиерот тврдеше дека според последните информации, Кацарска веќе ја потпишала одлуката за укинување на моделот на линеарно покачување, што значи дека пензионерите повторно ќе добиваат зголемување согласно процентите утврдени со закон.

„Тоа практично значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец“, изјави Мицкоски, оценувајќи дека ваквата одлука не е фер.

Тој додаде дека најпогодени ќе бидат лицата со најниски примања, чии мали пензии, според него, се резултат на неправедната транзиција во деведесеттите години. Линеарното зголемување, нагласи премиерот, имало цел да го намали индексот на нееднаквост и да го подобри стандардот на најранливите пензионери.

Мицкоски предупреди и дека истиот состав на Уставниот суд би можел да донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.

„Замислете, на пензионерите им се укинува правото, а истовремено се очекува да се одмрзнат платите на судиите и обвинителите кои земаат 2.500, 3.000 или 4.000 евра“, рече тој, додавајќи дека дел од нив „ја контаминираат професијата“.

Премиерот оцени дека потенцијалната одлука на Уставниот суд ќе значи директна неправда кон пензионерите.

„Со ова ќе се нанесе неправда на пензионерите“, заклучи Мицкоски.

Уставниот суд соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука по предметот У.бр. 13/2025, кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување – одредбата што го регулира линеарното зголемување на пензиите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button