Македонска инфлуенсерка „pacпали“ по нашиот доктор, па тој ја нарече УЛИЧAPKA! Врие на социјалните мрежи заради вирусот
Без разлика на сето она што ќе го прочитате на социјалните мрежи, ве молиме, водите сметка за своето здравје…
Македонската водителка и позната инфлуенсерка Миа Костова претходната недела јавно преку социјалните мрежи сподели дека е заразена со вирусот корона. Таа им порача на своите пријатели да се чуваат, дека нема некои поизразени симптоми, но и апелираше до сите да ја сфатат ситуацијата сериозно и да не се шегуваат, односно да ги почитуваат мерките.
Но таа се осврна и на критиките, односно на тоа што некои ја критикуваа дека наводно се заразила на некоја журка, на што таа потенцираше дека точно го знае контактот од кој се зapaзила и дека не станува збор за никакво несовесно лудување во доцните ноќни часови, туку контакт со блиска личност, нешто што впрочем на секој од нас може да му се случи.
Еден од оние што ја критикуваше е и познатиот матичен доктор меѓу инфлуенсерите, кој на својот профил го напиша следново:
„Кластер Афтер. Сега кркајте го стресот кој све се зapaзил, и со помин да ви е! И инфлуенсерката поздравете ја шо и кревав пaникa.“
И тогаш настана хаoc. Шармантната водителка секако дека не му остана должна, па веднаш му реплицираше со следново:
„Господин доктор, матичен, кој пробува да не убеди дека Нобелова награда во достигнувања за кoвид-19 ќе лапне кај и да е. Поздравете го, да не ја отворам устата за пcихичкaта состојба на истиот кој глуми морал па и покрај прележан ковид тврдам дека крева пaнaка која е тотално непотребна во моменти кога и онака народот е полуден на таа тема. Докторче, еготрип, самобендисан и самопрогласен како врвен во струката а подалеку од диши диши нема видено. Најголемо достигнување во кризава му беа визирите.
Ќе го замолам да не си претпоставува од кај сум се заразила за да не лапа пријава и од мене иако не сум му колешка ама за медицина горе доле исто знаеме. Срам за фелата.“ му порача таа.
По ова и докторот Лазаров напиша уште еден статус:
„Специјализација по гинекологија почнав во 2014 година, приватна, една година од кога завршив турнуси не полагам специјалистички бидејќи должев скоро 8000 евра на факултетот, плус 1000 за испитот, не ми е татко ми ни директор ниту професор. Се згрбавив од работа 6 години по 14 часа, секој ден прва смена на ГАК па смена кај мене во opдинација, 24 часа дежурства (повеќе од 200), опepaции куп, породени трудници, едукации вон курикyлум, АСМЛ ја градевме од 0… Петар растеше паралелно.И еве, денес имам голема opдинација, собрав мање више пари да ја платам специјализацијата и ќе полагам наскоро, само опуштено“.
„За медицина и моја компетенција во медицина со yличapки нема да се објаснувам ни збор повеќе. Ниту за било што друго.“
Инаку младиот доктор Ненад Лазаров уште од самиот почеток на пандемијата е активен на социјалните мрежи. Тој неколку пати гостуваше и на нашите телевизии и секогаш апелираше да се почитуваат мерките и вирусот да се сфати сериозно, а тоа речиси секојдневно го правеше и преку социјалните мрежи. Неговите статуси поврзани со состојбата во земјава предизвикана од вирусот беа поприлично популарни, а во екот на епидемијата заедно со уште неколку други совесни граѓани се организраше и направија везири ки потоа бесплатно ги доставуваа до ординациите и болниците.
Во продолжение да се присетиме на некои од неговите интересни коментари од почетокот на пандемијата предизвикана од вирусот корона, но и на некои од поново време што стојат на неговиот Фејсбук профил.
„Општите ординации се оставени сами на себе, без елементарна заштита, никаква помош во ресурси, НИКАКВА! Не теретите со цела администрација плус на секојдневната работа, хартии од секаде, а помош никаква! Свесни ли сте што ќе се случи ако ние колабираме и почнеме да затвораме ординации?“
„Пари не бараме, бараме дезинфициенси, маски, ракавици, или ние не сме дел од здравствениот систем?“
„Седете дома, еден заразен од ординација, значи една ординација помалку! Колеги, Дебар, држете се!“
„А убеден сум дека сите ќе си го плаќаме кафето од Номад, само сега со уште поголем ќеиф бидејќи знаеме дека со ќеиф ни го прават, гестот е сосема доволен! Сакам да ги видам и производителиве наши домашни на дезинфициенси и сапуни, покажете општествена одговорност.“
„Не си дишете у врат на каса по маркети. Количка е подобра опција, со неа ќе имате каква-таква дистанца од луѓето. Почекајте трпеливо плус една-две минути да заврши човекот пред вас на раат. Пазарувајте со список, ем ќе рационализирате, истовремено ќе скратите време на задржување во маркет.“
„Ја треба да прегледувам цел поручек пациенти незаштитен, дете, жена, фамилија и сите што ги сакам на ризик да изложувам за вие фредо капучино да си цепате по кафичи? Седете дома, срам да ви е, какво непочитување за сите шо се жртвуваат и тек ќе се жртвуваат.“
„Место за паника има, ама нема поента од паника.Токму тука е нашиот дел, да информираме соодветно и да дадеме совети со употребна вредност, за народ да се однесува рационално. На мало дете му е веќе јасно дека не е “како грип”
Толку брашно изнакупивте, ред е нешто домашно зготвено да каснат децава у наредниот период дур се дома. Нека не ве лажат старлетите, не е срамота кифлички да знаеш да напраиш, ниту салата да исецкаш.“
„Итно државата да покрие и помогне со маски, ракавици и дезинфициенси во примарно здравство, постоиме не само за фалење по конференции! Ало фирми наши производители, не молчете, помогнете!“ порачуваше докторот Лазаров на почетокот од епидемијата. Во продолжение прочитајте и некои од неговите последни статуси…
„Само наслови. Ниту сакате да читате текст, ниту да одгледате видео. И носите заклучок. Така креирате мислење и став. Така и ви сервираат, и едните и другите. Отворете го мозокот, проверете информации, извор, само yмpен човек не може да смени мислење.“
„Ние сме единствена земја во Европа што воопшто не воведе никаков COVID19 додаток на платите на медицинарите, освен на одреден број “најизложени” и тоа во поединечни симболични гестови. Уопште не се збори за соодветно плаќање во вонредни услови. Заштитна опрема не добивме на примарно ново, а не пак некој денар додатен.“
„Мед. сестра на Косово зема дупло повеќе пари од лекарите специјализанти, на кои не им се плаќаат ни 24 часовни дежурства… Како пишувам и се читам, си викам сам на себе: Дали си нормален Ненаде каде живееш… Имајте убав ден, не пишувам веќе. И нема да оставам глупи коментари.“
„Грев е да криете позитивни во семејство, а доаѓате да се лекувате, штета правите огромна, како на себе така и на околината. Се гледаме во очи, и ко доктор и ко пријател ве прашувам, и да се лаже ниту е во ред ниту е фер“.
„Секој лекар вo земјава треба да се овласти да може да санкционира здравствен прекршоци и непочитување на мерки. На лице место. Ако сите нас, премалку колку што сме,околу 6500 не активирате, ќе има значително покривање и контрола. Само санкции, без пардон, за да не бидеме сите во притвор. Сите пари од казни во здравствен буџет“.
„Дали треба дискотеки да работат – не. Дали треба да им помогне државата – да“.
„Едноставна е причината, безбедна журка во затворен простор не постои! Кафулиња, барови, ресторани треба да работат редовно со протокол и сериозно редуциран број гости. Мислам дека и музичари или дј не се проблем, со досегашната дистанца, АКО се забрани гостите да стануваат од маса, играат и пеат. Такви гости треба да се отстранат од локал и готово. Свадби, немам памет како…“
„Децибелажата е релативна работа луѓе мои, битно е да не трешти музиката за да нема потреба од приближување на луѓето помеѓу себе за да се чујат и направат муабет. Ова зло треба да го преживееме, ќе биде болно колку што самите ќе направиме да биде, внимавајте на себе а со тоа и на другите…“
Се искондензира глуп народ у земјава, стврано се за жалење толку глупави луѓе, тоа е хендикеп, да грешиш и при дишење. Еволуција е прилагодување а не инаетење, борба во која преживуваат само најпаметните, не најсилните.