Миа Костова ужива на сончев Кипар – Згодната инфлуенерска била шокирана од една работа! (Фото)

Македонската инфлуенсерка и пејачка Миа Костова моментално одмора на Кипар, каде што температурите се движат околу пријатни 25-26 степени. Како што вели таа, времето е совршено, а островот е преполн со туристи кои ја уживаат есенската идила.
Со директен лет од Скопје, Миа, заедно со својот син Андрија и пријателката Тијана Скулиќ, слета во Аја Напа – еден од најпознатите и најживописни туристички градови на Кипар. Оттаму секојдневно споделува фотографии и видеа од плажите, прошетките и вечери во ресторани со медитерански шмек.
Сепак, веднаш по пристигнувањето, Миа доживеала и мало возбудување. Таа откри дека првото патување од аеродромот до хотелот било вистинска авантура, бидејќи не знаела дека на Кипар се вози од левата страна на патот.
„Мора да ви го раскажам нашето патешествие. Кога ја зедовме изнајмената кола, Тијана ми вели: ‘Воланот е од десната страна!’ Не знаете што беше тоа — во кружните текови се влегува од лево, сите ни свиреа, а ние возевме 20 на час. Јас буквално мижев од страв“, раскажа таа во видео на Инстаграм.
Во својата приказна откри и дека патувањето почнало со одложен лет. Наместо во 7 часот наутро, авионот полетал дури во пладневните часови, па тимот одлучил дел од времето да го помине дома. „Таксито до аеродром беше полошо од летот – цел адреналин таму го потрошив,“ вели таа низ смеа.
View this post on Instagram



