Миа Костова сама се снимаше во костим за капење – една тетоважа мами погледи, откри и што значи (фото)
Миа Костова со партнерката ужива на плажа

Иако одамна не е присутна на малите екрани, Миа Костова веќе со години е една од најпознатите Македонки на Инстаграм.
Таа речиси секојдневно се огласува и нејзините објави отсекогаш привлекувале внимание – и тоа со причина.
Имено, оваа наша прекрасна дама и денес изгледа исто, па дури и подобро како и кога се појави прв пат пред камерите.
Инстаграм/ Миа Костова
Таа е мајка на едно дете и ужива во љубовта со својата партнерка, а за неколку месеци ќе го прослави својот 41 роденден.
Но на снимите што ги објавува се уште предизвикува воздишки со изгледот, но очигледно и со своите тетоважи.
Инстаграм/ Миа Костова
Таа деновиве сподели снимка од својот одмор на кој е заедно со партнерката Тијана Скулиќ и нејзиниот син, облечена во костим за капење. Нејзиното беспрекорно тело и неодоливиот шарм и овој пат одземаат здив, па за кратко време привлече бројни прегледи.
Миа исто така спомена и една од своите тетоважи, односно и одговори на една следбеничка зошто има месечина на градите.
Инстаграм/ Миа Костова
„Без исклучок имам прашања на тема што ти значи месечината, дали си вртите во глава дека има муслиманска позадина. Не знам, ама еве случајно ја најдов сликава заради која отидов и се истетовирав. Како и останатите 30 тетоважи, само ми се свиѓа, нема позадина“, напиша Миа на својот профил на Инстаграм.
Таа сподели и фотографија од девојката од која ја видела тетоважата, на Тикток, па решила и таа истата да ја направи.
Инстаграм/ Миа Костова
Инаку, и нејзината партнерката има многу тетоважи на телото, а Миа сподели и една нејзина фотографија во костим за капење.
Инстаграм/ Миа Костова
Потсетуваме, Миа како самохрана мајка помина низ трнлив пат за да биде она што е денес, што таа никогаш не го криела.
Инстаграм/ Миа Костова
Таа во една пригода во шега „откри“ и кој е татко на нејзиниот син, односно доби такво прашање, па одговори во нејзин стил:
„Еден презгоден дечко од 2 метра што личи на Андрија. Ако сакаш мобилен да ти оставам ама мислам дека веќе не прави деца, три му се доста“, напиша познатата инфлуенсерка во една пригода на Инстаграм.
Повеќе фотографии од Миа во продолжение…