Реклама
Интервју

Ми недостасува млечникот на баба ми, и млечникот и таа – искрено со АНАСТАСИЈА БОГДАНОВСКА

Реклама

Водителката Анастасија Илиевска-Деа, сопруга на Богдан Илиевски-Бетмен, мајка на две деца е една прекрасна дама. Неколку пати сме имале можност да поразговараме со неа, овој пат ја поканивме да биде дел од рубриката -Познатите во кујната.

Деа има витка става, а е мајка на две мали деца, дали посебно внимава на исхраната?Често на социјалните мрежи знае да сподели некој интересен рецепт од нејзината кујна.

Маркетинг

Погледнете во продолжение како се снаоѓа во кујната.

Дали сакате да готвите?

Да. И да готвам и да јадам. 😊

Маркетинг

Што најдобро знаете да зготвите? Дали сте брзи или бавни во кујната?

Се што готвам е вкусно. Не сакам да се фалам, ама така е. Но ако треба да изберам што е тоа нешто кое што сите дома буквално до последна капка го јадат е, верувале или не гравче. А од благи рецепти, тоа е тортата од тиква, која исто така ни е една од омилените дома и ја правам секогаш кога им е сезона.

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Не сакам комплицирани рецепти. И мислам дека не знам таков. Се што готвам е едноставно, нутритивно и брзо се приготвува.

Кое ви е омилено јадење?

Ја сакам храната и не можам да одберам едно јадење.

Колку ви се смени начинот на исхрана откако станавте мајка?

Се промени но од аспект дека сега многу внимавам на состав на храна, потекло и избегнување на процесирана храна. Не сакам да одам во екстреми, но има одредени работи кои не се дозволени за моите деца како бонбони, лижавчиња, гумени бонбони и слично и единствено само поради лошиот состав на истите. Ако најдам со добар состав би им дала. Гледам се што може да биде зготвено дома, а она што не може да има добар состав, потекло, без штетни адитиви и бои.

Има ли нешто што не јадете?

Нема такво нешто од она што е достапно кај нас.

Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна? Каде сте го пробале и кога?

Млечникот на баба ми. Кај неа дома. И многу ми недостига и таа и млечникот.

 На кој начин најчесто ги откривате рецептите? Дали сакате да експериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Сакам да експериментирам. Рецептите ги наоѓам и од тефтерот на мајка ми па се до видеата на социјалните мрежи или програми за храна на телевизизија преку рецепти разменети со пријателки.

Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македонски специјалитет?

Секако дека има и тоа многу. Мислам дека нема нешто што не е вкусно, па дури и туптаницата (не знам како се вика на други места, ова е гостиварско) која има само брашно вода, сол и маст е превкусна.

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Не да се опуштам, ама да уживам. Еднаш неделно сопругот прави домашна пица, со тесто месено ден претходно, со сто „салтанати“ и тоа ни е cheat meal… 😊

Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?

Kонкретно нешто немам, ама сакам да пробувам нова храна.

Дали консумирате алкохол?

Да.

Кој ви е омилен пијалак?

Вода. И вино.

Што би одбрале ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?

Зошто да одберам само едно? И пикник и во елитен ресторан. И во не толку елитен. И во домашна атмосфера.

 

РЕЦЕПТОТ НА АНАСТАСИЈА – ЧОРБА СО ЌОФТИЊА

“За ручек се мисли од вечер” – некој сигурно некогаш го рекол ова. 🤣 ЧОРБА СО ЌОФТИЊА. Од мене идеја за неделен ручек. А и не мора да е неделен, може и да е следнонеделен. Цел рецепт и подготовка во видеото. Дете-помошник, не е задолжително 💛😀 BTW брзо е, оти се е лесно сварливо. НАЗДРАВЈЕ!

ВИДЕО ДО РЕЦЕПТОТ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button