„Ми гореше раката кога ја набрав, ама ми го исчисти цел организам“ – оваа бесплатна македонска билка прави чуда!
Пролетна зелена моќ што го јакне телото, лекува воспаленија и го чисти секој токсин. А ја има буквално насекаде - и во дворовите, покрај патот, а најздрава е покрај река!

Со доаѓањето на пролетта, природата веќе се буди – а со неа и една од најмоќните македонски билки што често ја потценуваме.
Станува збор за коприва – обична, дива, но и исклучително лековита зелена билка, која расте речиси секаде низ Македонија: по ливади, покрај реки, во градини, па дури и во населени места.
Advertisement
Може да ја најдете и на пазар, за само 30–40 денари, ќе најдете врзоп свежа коприва – но ако сакате, лесно можете и сами да ја соберете бесплатно.

Само внимавајте, нејзините мали иглички може да ве „запечатат“, но токму таа „жештина“ е доказ за нејзината моќ.
Според фитотерапевтите и нутриционистите, копривата е природен прочистувач на крвта, богат извор на железо, калциум, витамин Ц, К и Б-комплекс.
Advertisement
Го регулира крвниот притисок и шеќерот, ја јакне крвната слика (совршена е против анемија), ги намалува воспаленијата и болките во зглобовите, го чисти дигестивниот тракт, помага при уринарни инфекции, ја подобрува работата на бубрезите и црниот дроб, делува смирувачки и антисептички.
И не само тоа – чајот од коприва е одличен детоксикатор, а свежите листови можете да ги ставите во салата, чорба или дури и во гарнир со ориз и со кромид.
Затоа, следниот пат кога ќе видите коприва, не ја одминувајте. Наместо апчиња, земете нејзин лист. Како што велат старите: „Кој коприва јаде напролет, не знае што е болест цела година!“
Како да направите природен чај од корпива
Еден од наједноставните начини за да го искористите позитивното дејство на копривата е да подготвите чај.

Состојки:
1 супена лажица сушени или свежи листови од коприви
1 чаша врела вода
Подготовка:
Додадете ги листовите во чаша и прелијте ги со врела вода.
Оставете да отстои 5–10 минути.
Процедете го чајот и по желба додадете малку мед или лимон.
Пијте една чаша наутро за подобар почеток на денот.