Наши ѕвезди

Методија го качија на раменици, Спасен никогаш повесел – бакшиш од сите страни, меракот преголем (фото)

Нашите музичари направија уште една одлична забава...

Advertisement

Е вака се веселат нашите во Австралија

Спасен Сиљаноски заедно со младиот пејач Методија Столески и момците од „Престиж бенд“ направија уште една луда забава.

Advertisement

Тие пред неколку дена ја започнаа својата турнеја во Австралија, а сега Спасен на Инстаграм сподели снимка од еден нивен настап.

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Од она што може да го видиме е дека пејачите ги крена сите на нозе, па задно со гостите играат, пеат и се веселат за сите пари.

Advertisement

На една од снимките се гледа и како младиот пејач Методија го качија на раменици, па и му лепат бакшиш на челото додека тој заедно со Спасен ја пее популарната македонска песна „Свадба голема“.

И додека тие пеат „тапан силно нека удри, зурли нека вијат“, нашите иселеници се веселат и уживаат во музиката.

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

На една од снимките се гледа и како сите заедно ги пет стиховите, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески

На фотографиите и снимите кои испливаа во јавноста се гледа и како гостите им лепат пари на музичарите, понесени од атмосферата.

Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески

Цело време се играше и пееше, а Спасен и Методија успеаја и овој пат да направат забава за која уште долго време ќе се зборува.

Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески

Инаку, Спасен никогаш не криел дека обожава да настапува пред нашинците од дијаспората кои секогаш го дочекуваат македонските музичари со воодушевување.

Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески

Тие според него се посебна публика, и како што самиот вели, за него секогаш приоритет е токму таа да биде задоволена.

Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески

„Македонците во дијаспората се навистина прекрасна публика, барем оние кои што доаѓаат на моите настапи. Мислам дека повеќе ја сакаат и ценат македонската  музика. Сметам дека тоа се должи  на фактот што се повеќе одделени од родниот крај и тука настапува носталгијата. Еден од моите најдобри настапи кои што ги паметам дефинитивно е концертот кој што го одржав во Торонто- Канада“, откри Спасен неодамна во интервју за Гламур, неколку недели пред да замине на турнејата во Австралија.

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Не се сомневаме дека Спасен е воодушевен и од настапите во Австралија, за што впрочем зборуваат и самите снимки.

Како сето тоа изгледаше погледнете во галеријата, а целото интервју со Спасен прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button