Реклама
Интервју

Еве кои места НЕ смеете да ги прескокнете при вашата следна посета на Охрид

Реклама

Навистина се малку места на светот кои изгледаат толку волшебно, невистинито, прекрасно и ве маѓепсуваат на секој чекор како Охрид. Токму затоа Охрид и Охридското езеро со потполно прво можат да се наречат едно од најубавите места на светот. Атмосферата на овој град, како и неговите бои, не само што воодушевуваат, туку каде и да го насочите погледот сето она што ќе го слушнете, видите, помирисате или почувствувате, сето она што ќе го искусите и доживеете, ќе ви остане засекогаш со вас во сеќавањата. На ова место можете да доживеете една ново ниво на поврзаност со природата и нејзиниот дух, но и со историјата, културата, животот, убавината…

Сакајќи да дознаеме нешто повеќе за Охрид, но и да ги откриеме неговите тајни поразговаравме со познатата охридска новинарка и писателка Валентина Неловска, авторка на книгата „Сага за Охрид“. Побаравме од неа да ги отвори портите на својата душа како што тоа впрочем го направи и во нејзината книга и да ни ги открие тајните на балканскиот Ерусалим.

Маркетинг

Каков беше Охрид во твоето детство, а каков е сега?

„ Охрид од моето детство останал запаметен по раскошните трендафили во најразлични бои.По чистите калдрмисани улички и малските дворови иако скромни но со прекрасноуредени градини и бавчи. Зачуван во сеќавањата е мирисот на ползавците кои се искачуваат по електричните светилки на кејот како со своите прекрасни цветови ја надополнуваат езерската убавина. Се уште го слушам во моите сеќавања звукот на чамците како мирно ја сечат езерската шир, убавата музика од летната тераса на Палас, заоѓањето на месечината во летните ноќи и летниот дожд како ги мие капка покапка лисјата од старите дрва од дрворедот на кејот, прошетките по незобравното корзо кое имаше свој тек од чинарот до пристаниште. Тука е и мирисот на свежо печениот охридски ѓеврек.“

Која е животната филозофија на Охриѓани?

„ Охриѓани се чесни, вредни и гостољубиви луѓе. Често на другите од страна им изгледаат можеби помалку воздржани со доза на пркос. Но во суштина се топли и срдечни таа привидна резервираност по воспоставувањето на контактите се топи.“

Маркетинг

Што е она што треба секој да го види во овој град, а што не влегува во онаа стандардна туристичка понуда?

„ Моја препорака е задолжително да се посетат Богоридица Челница, градската саат кула, Галеријата со Икони, Музејот на вода, црквата во Заум, карпестата црквичка Св Екатерина. Малиот етно музеј во Белчишта и уметничката галерија. Постојат бројни неоткриени места каде што Охрид може да се доживе во безброј убави варијанти“.

Кои се омилените ресторани на охриѓани? 

„ Вистинска добра храна и уживање покрај езерото ќе имате во ресторанот Далга. Зајдисонцата со вкусно кафе најубави се на платформата на Куба ЛИбре или терасата во Потпеш.“

Охридски специјалитет што мора секој да го проба?

„ Ѓомлезето и охридската торта со ореви и карамел се специјалитетите кој би требало задолжително да се пробаат. Се разбира по гастрономското уживање во некој од бројните рибни специјалитети.“

Која е најубавата плажа во Охрид?

„Најубавата плажа е Лабино, но само ако сте поборник на природата. Тука ќе ја доживеете убавината на песокот, каменот и сенкат на старите јаболкници. Без пластика, бамбус и чадори. Убави се и другите плажи но вистински може да уживате само во утринското капење или на зајдисонце кога почнува и завршува денот. Доживувањето е посебно,а охриѓани велат кога ќе ги отклучите вратите и заклучите портите на езерото.“

Најдоброто место за кафе?

„Во погледот кон Охрид најмногу ќе уживате од Куба Либре.“

 

Кога не би била од Охрид, туку туристка во овој град каде би се сместила?

„Како турист би се сместила во Пештани на брегот на рибарското селце каде што има прекрасно приватно сместување ,тивко е и плажите се веднаш пред капачите“.

Каков е Охрид вон туристичката сезона?

„Охрид и вон сезона има свои убавини. Охриѓани најчесто уживаат во последните сончеви денови од октомври, во залезот на сонцето и во боите на езерските води кој секој ден имаат различни нијанси.“

 

Твоето омилено место во градот?

„Дефинитивно број еден е градскиот Кеј. Тоа е просторот пред Палас и некогашен Белви, дворот од моето детство и младост, просторот каде што се родив и израснав. Мојот ден почнува и завршува со задолжителна прошетка на кејот.“

Што е она што според тебе му фали на овој град?

„ Можам да кажам дека убавината на градот ја засенуваат надостотокот на паркинзи, лошата комунална инфраструктура и ниската еколошка свест на луѓето за околината “.

 

Ќе ни откриеш ли нешто за твојата нова книга што ја пишуваш?

„Се крчка ’Сага за Охрид 2’. Наскоро ќе следува на барање на читателите кои носталгично се вратија во минатото со првата книга ’Сага за Охрид’. Следуваат нови содржини каде што ќе се потсетиме на заборавени личности од почетокот на 20 век. Меѓу нив ќе бидат поместени сториите за Анастас Коцарев првиот лекар од Охрид кој бил на чекор да ја добие Нобеловата награда за онколошки истражувања, за семејството Шатранови, првите градски фурнаџии или првата модна креаторка, охриѓанката Благуна Симончева. Триесетина нови стории кои ќе се читаат во еден здив поврзани со урбаната историја на Охрид“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button