Сега по празниците паричниците се полупразни, да не речеме празни. Потребни се попусти на прехрамбените продукти за да се купат најосновните намирници.
Прошетавме низ поголемите маркети ги разгледавме и споредивме цените.
Неколку маркети од денеска нудат акциска недела.
Од денеска ТИНЕКС маркетите нудат одлични попусти коишто не се пропуштаат .Шунката е намаелена, сега можете да ја купите за 299 денари. Лебот на кришки на Жито лукс тука ќе го најдете за 39 денари, дел од млечниот асортиман има намалување, а и алкохолните пијалоци се на попуст.
Доколку ви се при крај детергентите тогаш оваа шанса не се пропушта СУПЕР АКЦИЈА на течни детегенти и капсули за машина за садови, а хартијата за во кујна има неверојатна цена.
Погледнете го флаерот за повеќе детели.
И КАМ најавува акција за оние коишто имаат потреба уште од благо. Милиброд, смеса за колачи, бонбони се дел до благите производи по намалени цени.
ДИМ маркетите се јавија со својот леток и одлична акција којашто ја најавуваат од денеска.
Кипер маркетите ги објавија производите коишто од денеска им се на акција. Доколку ви е потербен канцелариски прозивод тогаш ова е вистинската адреса за вас.
Општествено одговорна компанија се и маркетите ЗУР. И тие направија одбрани производи по намалени цени по празниците. Еве го и нивниот флаер.