Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Голем месечен хороскоп за април: Девиците ќе имаат проблеми со финансиите, а Јарците ќе ја обноват старата врска

Реклама

mesecen
Вага

Работа:

Овој месец посветете се повеќе на односите со вашите деловни партнери. Нема да можете да се сложувате сосема добро со вашите колеги, при што ќе ви припаднат повеќе одговорности. Втората декада на април ви носи малку поголема мотивација и подобро чувство. Насочете се кон решавање на административните обврски, со цел да го забрзате вашиот напредок. Не заборавајте да ја слушате и вашата интуиција…

Маркетинг

Здравје:

Потребно ви е да ја одржувате физичката кондиција, при што ќе бидете поотпорни на болести. Настојувајте почесто да ги проветрувате просториите во кои претстојувате, а за да го одржувате вашиот имунитет, вклучете го и медот во вашата секојдневна исхрана.

Маркетинг

Љубов:

Доколку сте во врска, почетокот на месец април ќе ви овозможи појасно да ги согледате потребите на вашиот партнер. Потрудете се да ги исправите грешките и недоразбирањата од претходниот период, иако ќе ви оди навистина тешко. Втората декада од овој месец ќе биде поповолна и на полето на љубовта. Вашата страст ќе се обнови и вие повеќе ќе се зближите. Би било добро почесто да излегувате заедно. Доколку ст слободни, нема да можете мудро да расудувате која личност ви одговара, на која треба да дадете шанса, а на која не. Ќе бидете склони кон повеќе авантури, но најдобро би било да не влегувате во некои тајни врски.

Шкорпија

Работа:

Настојувајте повеќе да се поврзите со вашите колеги, со цел да бидете во тек со сите актуелности, па тоа ќе ви помогне да останете конкурентни на пазарот и да ја подобрите вашата понуда. Посебен акцент е ставен на работното окружување. Ослободете се од оние кои ви создаваат негативна енергија и потрудете се повеќе време да поминувате со личности кои имаат слични интереси и сличен пристап кон работните обврски како и вас. Ако сте вработени некаде каде што нема поволно работно окружување, може да се одлучите да ја промените работата. Во тоа ќе ви помогне некој ваш познаник.

Здравје:

Избегнувајте какви било претерувања и подложност кон пороци. Ако бидете умерени и ја одржувате вашата кондиција, тогаш не треба да се грижите за доброто здравје. Пијте повеќе течности за да го доведете во рамнотежа вашиот организам.

Љубов:

Ако сте во врска, тогаш овој месец ќе се грижите повеќе за вашиот партнер, при што ќе покажувате поголемо внимание, а тој ќе биде пријатно изненаден од вашиот потег. Исто така ќе почувствувате поголема потреба слободното време да го поминувате со саканата личност, па ќе покажувате поголема иницијатива за заедничка забава и излегувања. Доколку сте слободни пак, во мислите ќе ви се врти некоја личност која ја немате преболено. Некои претставници на овој знак ќе се обидат да обноват некоја стара врска, но за тоа треба добро да размислите. Некои грешки не вредат да бидат повторувани.

mes2

Стрелец

Работа:

Ако се занимавате со некоја услужна дејност, овој месец ќе ви биде значаен по тоа што вашите услуги ќе бидат повеќе побарувани. Во првиот дел од овој месец ќе сфтите дека неопходно е нешто да промените во вашата организација и начинот на вашата работа. Сите ваши работни обврски ќе бидат зголемени, па ќе ви биде тешко да ги завршите во договорениот рок. Препорачливо е да не почнувате нови проекти додека не ги завршите старите. Посебно внимание обрнете на нешто што започнавте во минатото. Невработените Стрелци лесно ќе може да најдат каква било работа, затоа што овој месец ќе бидат особено снаодливи. Можна е понуда за да се вратите на старото работно место.

Здравје:

Ќе имате пад на имунитетот, па ќе бидете подложни кон вируси и настинки, а можни се и алергични реакции. Поради тоа, делувајте превентивно и внимавајте на промените на времето. Потребно ви е правилна исхрана за воспоставување рамнотежа во организмот.

Љубов:

Ако сте во врска, овој месец ќе бидете повеќе зближени со вашиот партнер и заеднички ќе работите на остварување на вашите цели. Нешто што долго време го одложувавте, сега конечно може да се реализира, затоа што и двајцата ќе се сложувате околу условите. Еден со друг ќе си пружите поддршка, при што ќе се чувтвувате поблиски. Доколку сте слободни, тогаш вие ќе се посветите на барање личност со која би можеле да бидете емоционално блиски. Ве привлекуваат личности со авантуристички дух и полни со страст.

Најлошите љубовни парови во хороскопот>>>

Јарец

Работа:

Што се однесува до комуникацијата, овој месец ќе бидете љубезни и пријатни. Искористете го овој период да ги обновите контактите со личности со кои претходно сте имале добра соработка и со кои лесно наоѓате заеднички интереси. Избегнувајте ризични потези, особено кога се работи за финансии и инвестиции. Невработените Јарци треба подобро да се информираат за објавените конкурси за отворени работни позиции.

Здравје:

Во текот на овој месец, здравјето ќе ви биде променливо и доста чувствително. Ќе почувствувате зголемен умор и варирање на крвниот притисок. Би било добро повеќе време да поминувате во природа и на чист воздух, за да ви се зајакне имунитетот. Избегнувајте претерани напори.

Љубов:

Ако сте во врска, заедничкото време поминато со саканата личност ќе ви биде поважно од работните обврски. Ќе излегувате повеќе и тоа ќе ви биде најдобриот извор на позитивна енергија, при што ќе бидете помотивирани, вредни и полни со иницијатива. Доколку сте слободни, може да имате средба со бившиот партнер, при што ќе се потсетите на сите ваши среќни моменти. Можеби постојат шанси за повторно обновување на врската?

mes3

Водолија

Работа:

Овој месец појасно ќе ги согледате односите со вашите колеги, а ќе ги согледате и пропустите кои сте ги направиле претходниот период, при што ќе бидете повеќе фокусирани на нивна корекција. Ова ќе ви помогне подобро да се организирате и да се подготвите за реализирање на новите планови и проекти кои веќе одредено време чекаат да дојдат на ред. Обрнете внимание на конкуренцијата која од некој аспект се обидува да ви нанесе штета. Некоја недобронамерна личност ќе се обиде да ви искористи. На полето на финансиите, поголем дел од овој месец ќе ви биде поволен, но внимавајте да не претерувате со финансиските трошоци.

Здравје:

Зглобовите честопати ви се чувствителна точка, а тоа особено ќе биде изразено во првата декада на месец април, при што најчувствителни ќе бидат постарите Водолии. Младите може да почувствуваат пречки во пределот на дишните патишта или проблеми о хормоните. Внимавајте на балансираната исхрана.

Љубов:

Доколку сте во врска, ќе бидете во можност појасно да ги согледате потребите на саканата личност и да ја подобрите вашата блискост. Ќе разговарате за заедничките планови и ќе бидете подготвени да си бидете поддршка еден со друг. Но, потребно ви е повеќе динамика. Потрудете се да не се навратувате на старите грешки и уживајте во мирните моменти поминати со саканата личност. Доколку сте слободни, ќе почувствувате потреба да останете слободни и добро да се забавувате. Нема да ве привлекува помислата за влегување во љубовна врска, особено не во некоја сериозна. Ќе ви одговара вниманието кое ќе ви го пружи спротивниот пол, но нема да преземате ништо особено.

Ни случајно НЕ смеете да ги повредите – oва се најодмаздољубивите хороскопски знаци>>>

Риби

Работа:

На почетокот на месец април повеќе внимание посветете на односите со вашите соработници. Можни се несогласувања кои најчесто потекнуваат од нејасни договори и не толку добра комуникација. Но, во втората декада на април ќе успеете да ги преминете тешкотиите и да постигнете договор кој ќе одговара и на свете страни. Кон крајот на април, ќе бидете повеќе организирани, а со тоа и повеќе почитувани од вашите надредени. Вашите финансии ќе бидат променливи, па затоа внимавајте на задолжувањата.

Здравје:

Во првата половина од месец април вашиот имунитет ќе биде зголемен, ќе имате повеќе енергија и ќе практикувате спортски активности. Во втората половина од овој месец можеби малку ќе се опуштите, при што може да имате и неколку вишок килограми.

Љубов:

Ако сте во врска, јасно ќе видите што ви е потребно со вашиот партнер, за односите да ви станат поквалитетни. Но, ќе се појават и мали несогласувања токму поради тоа што вие повеќе ќе бидете посветени на вашите пријатели, а не на саканата личност. Доколку сте слободни, личноста која ви се допаѓа и со која би сакале да започнете нова љубовна врска, ќе ви делува затворено, а вие ќе се обидувате подобро да ја запознаете и да се зближите. Ќе ви биде тешко да воспоставувате честа комуникација со вашата симпатија. Но, бидете упорни и наскоро ќе забележите дека може да постигнете некој договор.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Back to top button