Вага
Работа:
Првата декада од овој месец ќе ви биде одлична кога е во прашање работниот сегмент, затоа што ќе успеете да ја дофатите секоја прилика која ќе ви се нуди. Од друга страна пак, ќе ви биде потребно повеќе трпение и подготвеност за компромис, за од целата ситуација да излезете без големи проблеми. Преиспитувајте ја секоја ситуација пред да донесете конечна одлука…
Здравје:
Месец март е неповолен период за вас кога е во прашање вашето здравје. Не значи дека може да ви се случи нешто страшно, но нема да имате доволно енергија за да ги остварите сите работи. Потребно е да бидете што е можно повеќе во движење и на свеж воздух, а секој слободен момент да го користите за одмор.
Љубов:
На самиот почеток на месецот на слободните Ваги им се отвора можност за нови љубовни игри. Вие ќе го привлекувате спротивниот пол и ќе бидете опкружени со додворувачи, при што од целата ситуација ќе се чувствувате како да сте на седмо небо. Доколку сте во врска или брак, прифатете дека не треба да играте онака како што ви свири вашиот партнер. Добро е да се прилагодувате, но треба да знаете кога и како.
Шкорпија
Работа:
Финански, март е прилично поволен за вас, но само првата половина. Во вториот дел од месецот, сепак ќе морате внимателно да размислувате за секој потрошен денар. Генерално гледано, ќе имате повеќе обврски и одговорности, па затоа потрудете се да ги исполнувате обврските на време, за да не бидете подложни на критикувања и опомени.
Здравје:
Во вториот дел од месецот полесно ќе се справувате со проблемите по здравјето и ќе имате повеќе сила и енергија. Но, првиот дел од месецот ќе ви биде нестабилен, при што ќе бидете подложни на вирусни и бактериски инфекции.
Љубов:
Секое познанство кое ќе го имате во текот на месецот, нема да резултира со почеток на нешто сериозно. На некои Скорпии ќе им биде прилично досадно, додека пак други ќе се посветат повеќе на работата. Овој месец ќе се потсетите на нешто од минатото, на личност која порано ви била драга. Оние кои се во врска или брак, во првиот дел од март ќе имаат прилично добри односи, исполнети со љубов, уживање и страст. Во вториот дел од месецот можни се мали недоразбирања поради тврдоглавост и притисок.
Стрелец
Работа:
За вас, во текот на овој месец нема одмор. Полето на креативноста ви е особено нагласено, па ова е вистински момент да ги реализирате идеите кои ги имате. Ќе уживате во работата и ќе бидете опуштени, иако тоа не значи дека нема да имате никакви проблеми. Во вториот дел од месецот, ќе имате можности за дополнителни заработки.
Здравје:
Овој месец ќе бидете солидни со здравјето, особено ако сте подготвени повеќе да се посветите на рекреација и вежби. Постарите ќе имаат проблеми со главата и синусите.
Љубов:
Овој месец ќе бидете окружени со позитивни луѓе и позитивна енергија, но сепак, некои сенки од минатото ќе бидат уште присутни кај вас. Во превод, вие не сте се ослободиле од минатото во целост, ниту пак минатото ве пушта вам. Темата за бившите партнери уште ќе ви биде присутна, а што ќе направите, зависи од многу работи… Доколку сте во врска или брак, ќе имате можности за да го подобрите својот однос, но нема да ви биде совршен.
Најлошите љубовни парови во хороскопот>>>
Јарец
Работа:
Од самиот почеток на месецот, ќе бидете посветени на работата, при што веднаш ќе ви се отворат можности за нови договори и соработки, а вие ќе бидете повеќе од спремни за да ги искористите. Обрнете повеќе внимание на своите обврски и потрудете се да ги завршите на време и во одредениот рок.
Здравје:
На жалост, здравјето нема да ви биде баш најдобро а вие ќе бидете особено чувствителни на стрес, на промените на времето, вирусите и бактериите. Обидете се да бидете максимално одговорни кон себе и најдете доволно време за одмор.
Љубов:
Драги Јарци, доколку имате намера да направите нешто во врска со љубовта во текот на месец март, би требало да се подмрднете од место и да излезете од дома. Дружете се повеќе со вашите пријатели и можеби ќе се заинтересирате за некоја посебна личност. Доколку сте во врска или брак, вие имате одлични предизпозиции да уживате со својата сакана личност. Ќе имате некои мали проблеми, но тоа нема да ви го уништи односот.
Водолија
Работа:
Во текот на месец март ќе бидете добри на полето на финансиите, само треба да научите како да ги распоредите тие пари. Размислувајте добро и научете да ги разликувате вистинските од лажните информации. Контролирајте ја и својата импулсивност.
Здравје:
Првата половина од овој месец може да ви доенсе нестабилност во здравствениот сегмент. Ако сакате да го подобрите нивото на својата енергија и да се чувствувате подобро, тогаш практикувајте повеќе физички активности. Тоа особено ќе ви одговара и ќе функционирате подобро.
Љубов:
Во втората половина на овој месец шансите за нова љубов ќе ви се зголемат и интересна личност можете да сретнете преку кратки патувања, семинари… Ниту Водолиите не ќе можат да побегнат од минатото, особено во втората половина од месецот. Некој бивш партнер ќе почне да ве контактира и да ви праќа пораки, што во почетокот може да ви изгледа интересно. Доколку сте зафатени, вие ќе имате проблеми со комуникацијата, па ќе ви биде потребно да вложите повеќе труд.
Ни случајно НЕ смеете да ги повредите – oва се најодмаздољубивите хороскопски знаци>>>
Риби
Работа:
Во овој месец целосно ќе бидете посветени на работата. Не грижете се, ќе имате одлични резултати, подобри од кога било. Генерално гледано, најдобро ќе поминете на патувањата и соработката со јавните институции. Некои може да напредуваат, а некои може да го променат работното место.
Здравје:
Овој месец ќе имате солидно ниво на енергија, а проблемот е тоа што оваа енергија ја трошите на неважни работи. Постарите припадници на овој знак ќе бидат поподложни на здравствени проблеми.
Љубов:
Овој месец ќе запознаете личност со која ќе воспоставите романтичен однос за кој отсекогаш сте сонувале. Од почетокот на втората декада од овој месец ќе бидете склони кон тоа љубовта да ја ставите на второ место. На зафатените претставници на овој знак им следуваат искрени и отворени разговори со парттнерот, особено кога се во прашање емоциите.