МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (МАРТ 2018).
Овен
Работа:
На работното поле ве очекуваат динамични и брзи случувања. Ќе имате одлични можности да стигнете до водечки позиции и да остварите неверојатни резултати. Ѕвездите ви даваат неверојатни прилики, но мора да бидете упорни, точни, одлучни и истрајни. Парите „ќе ве сакаат“ во текот на март, па затоа паметно искористете ги и не трошете на неважни работи.
Здравје:
Овој месец обрнете внимание на тоа да промените некои животни навики и повеќе да се посветите на себе. Потребно ви е повеќе движење и физичка активност. Ќе имате доволно енергија, па затоа не бидете мрзеливи.
Љубов:
Во љубовта овој месец ве очекуваат жешки ситуации. На почетокот на месецот ќе имате романтични и страсни моменти, па за љубовни прилики не треба да чекате многу долго. Ќе бидете окупирани со позитивна енергија, па личностите од спротивниот пол ќе се „лепат“ на вас како да имате магнет, па нема да треба многу да се трудите за да ги заведите. Ќе постојат и двоумења за тоа дали љубовта да ја сфатите како игра или пак да се впуштите во нешто посериозно… Ако имате партнер, овој месец нема да ви биде совршен, но ќе биде прилично добар, зашто на лесен начин ќе можете да ги отстраните препреките. Вие управувате со вашите емоции овој месец, па затоа размислувајте разумно за сите ваши постапки.
Бик
Работа:
Овој месец можно е унапредување и подобрување на работните односи и соработки, а дури можни се и контакти со странство. Ќе работите напорно, но сепак, длабоко во себе нема да успеете целосно да бидете задоволни. На финансиско поле нема да бидете целосно задоволни, затоа што приходите нема да ви бидат доволни… Можни се повеќе трошоци од планираните.
Здравје:
Во текот на целиот месец не ќе можете да се пофалите со поголемо ниво на енергија. Можно е да ви биде нарушен имунитетот, па затоа чувајте се и од обични настинки.
Љубов:
Првата недела од овој месец слободните Бикови ќе имаат прилика да запознаат интересна и харизматична личност. Ако ја пропуштите оваа прилика, ќе влезете во период каде што ќе бидете повлечени и тоа лошо ќе се одрази кон вашата емотивна состојба. Некои Бикови ќе се повлечат во себе и ќе почувствуваат извесен пад на енергијата, при што нема да бидат заинтересирани за друштвени активности. Ако имате партнер, овој месец нема да му бидете во прв план, при што треба да имате повеќе разбирање и поголемо трпение. Но, во третата декада ова ќе почне да се менува, па ќе остварите поголема комуникација со вашиот партнер и тоа ќе ви годи многу.
Kармата и хороскопските знаци >>>
Близнаци
Работа:
Во почетокот на месецот ќе почувствувате мали турбуленции, но ќе успеете да ги остварите своите намери. Во втората половина веќе ќе бидете поактивни и поангажирани, при што неуморно ќе работите да ги остварите своите цели. Сепак, треба да се чувате од импулсивноста, затоа што може да си направите повеќе штета, отколку корист.
Здравје:
Здравствената ситуација ќе ви биде променлива. Не занемарувајте ги некои проблеми кои ги чувствувате веќе подолг период, туку посветете им се подетално. Доколку сте помлад претставник на овој знак, тогаш вам ви е потребно повеќе движење и рекреација.
Љубов:
Овој месец ќе излегувате и ќе се забавувате многу, при што ќе имате повеќе љубовни прилики, а некои од вас ќе имаат можност да се заљубат на самиот почеток на месецот. Она што најмногу ќе ви се допаѓа кај личноста од спротивниот пол, ќе биде одличната и забавна комуникација, затоа што патот до вашето срце доаѓа преку зборовите. Доколку сте во врска или брак, до втората декада тешко ќе воспоставувате квалитетна комуникација со вашиот партнер и постојано ќе се однесувате како да сте „во војна“. Последните десетина дена од овој месец ќе имате помирни и постабилни односи.
Рак
Работа:
Во првата половина на овој месец можни се патувања, дополнителни курсеви и семинари. Ќе можете да остварите некои важни цели и да се поврзете со важни и влијателни луѓе, кои позитивно ќе влијаат на вашата кариера. Остатокот од месецот ќе ви биде исполнет со тековни работни обврски. Последната декада можни се повеќе грешки во работата од вообичаено.
Здравје:
Здравствената ситуација постојано ќе ви се менува. Постарите Ракови треба почесто да одат на контрола, додека пак младите ќе бидат повеќе изложени на умор, настинки и вирусни инфекции.
Љубов:
Првата половина на март ќе ви биде стабилна, кога се во прашање љубовните врски и бракови. Но, нема да ви биде толку совршено како што замислувате, затоа што одвреме-навреме ќе имате расправии со саканата личност, при што ќе почнете да ја преиспитувате вашата верност и искреност. Оние кои се слободниво целост ќе ѝ се посветат на работата, а потенцијални „партнери“ ќе бараат преку овој сегмент.
Лав
Работа:
Полната месечина во почетокот на месецот во полето на финансиите ве предупредува дека е време посериозно да се посветите на вашиот финансиски сегмент. Вакви проблеми особено ќе ви бидат нагласени во текот на третата декада од мсесецот, кога некои лоши финансиски потези може да ве чинат многу. Малку е веројатно дека овој месец ќе можете да се пофалите со некои особен успех.
Здравје:
Вашата енергија ќе биде малку посилна отколку претходниот месец, но не смеете премногу да се напрегате. Бидејќи премногу ќе се трошите и исцрпувате, можен е пад на имунитетот.
Љубов:
До сега имавте некои емотивни прилики, но тоа не беше она што вам навистина ви беше потребно. Но, овој месец повеќе ќе бидете посветени на љубовта, при што можно е да се впуштите во љубовна авантура со личност од друг град, но вие ќе имате толкава страст, што далечината нема да ви биде проблем. Доколку сте во врска или брак, потребно е малку да се дистанцирате од вашиот партнер и да ги откриете своите интереси, па потоа заеднички да се посветите на она во што уживате.
Како е да се биде во љубовната врска со припадниците на знакот Рак>>>
Девица
Работа:
Кога се во прашање финансиите, овој месец нема да поминете лошо. Првата и третата декада од март ќе ви бидат најповолни, особено затоа што може да добиете пари кои не сте ги очекувале. На работното место ќе имате мали турбуленции, но вие ќе се снајдете доста добро. Потрудете се да бидете помалку импулсивни, при што ќе правите и помалку грешки.
Здравје:
Вам ви изгледа дека сте супер и дека имате премногу енергија, но овој месец може да бидете „нападнати“ дури и од една обична мала настинка, која ќе ве држи во кревет неколку недели. Постарите Девици може да имаат проблеми со ‘рбетот.
Љубов:
Некои Девици ќе се заљубат толку длабоко, при што нема воопшто да им е грижа дали таа личност на кој било начин се вклопува во нивниот живот. Оваа личност ќе им стане опсесија и зависност, а колку ќе потрае тоа, останува времето да каже. Полето на страста ќе биде нагласено во текот на целиот месец март, при што Девиците слободно може да се подготват за една возбудлива љубовна авантура. Доколку сте во врска или брак, вие ќе имате некои моменти на оддалечување со вашиот партнер, но тоа ќе бидат ситници кои релативно лесно и брзо ќе поминат.
Премини на следната страна >>