МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈУНИ, 2016: Што ви велат ѕвездите за љубовта, работата, семејството…
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Во текот на јуни ќе се одржат средби поврзани со возрасни роднини. Очекувајте и вие покана да посетите роднини. Ќе има поправки или промени во вашиот дом. Уште повеќе, ќе одите во даночна или банкарска институција во врска со проблем или во важна ситуација во врска со вашиот дом. Ќе обелодените или осуетите нечија лага во право време и ќе бидете во можност да се заштитите себе си од грешка или други негативни последици. Тоа ќе биде чиста среќа што ќе пресретнете нечии постапки пред тие да предизвикаат штета по вас или некој друг. Ќе разговарате за имотни прашања со роднините и семејството и за важни, итни активности поврзани со нив. Можеби ќе ви треба правен совет или интервенција од адвокат. Ова ќе биде важен месец за вашиот љубовен живот со некои очекувани или неочекувани знаци за идни настани. Тешки односи и конфликти ќе се развијат со лице во знакот на Стрелец, Овен или Лав. Ќе биде тешко да се постигне договор, затоа што сте два огнени знаци и двете страни ќе имаат тешкотии да постигнат компромис. Ќе имате финансиски односи со Близнак, Вага или Водолија, вклучувајќи прием на пари или испраќање на пари поврзани со таква личност од вашите роднини или деловни партнери. Избегнете финансиски односи со непознати или непроверени поединци и бизниси.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Избегне љубомора во текот на јуни и, генерално, конфронтација со интимен партнер или брачен другар. Сега нанесените навреди и емоционални рани не ќе заздрават така брзо или лесно. Особено сложена може да биде вашата врска ако имате партнер во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Може да очекувате собирање по значаен повод во врска со момче или млад човек. Среќен настан за машките Јарци. Загуба или кражба во домот на соседи или колеги. Лоши вести или настан поврзан со жена/и. Двата настани (претходниот и овој) може да се поврзани. За жените-Јарец јуни ќе биде комплициран месец, со мала можност за напредок и успех. Подобро е да бидете внимателни да не ја загубите дури и најмалата шанса што ќе ја имате. Проблеми со машко лице кое ќе ве запрепасти со својата ароганција. Проблеми за мажите-Јарец поврзани со лицемерие и завидување од луѓето на работното место. Во јуни, некои од вас може да добијат неочекувана шанса, среќа или предлог од страна на лице во знакот на Близнаци, Вага и Водолија. Можно е ново познанство со таква личност.
Во кои хороскопски знаци се кријат најдобрите жени за брак?
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Во јуни ќе бидете амбициозни и одлучни во организирање и решавање на различни активности и планови од финансиска природа. Ќе се сретнете со важни луѓе или претставници на една институција, а можеби и банка. Свесни сте дека е важно да се запамети овој месец по конкретни успеси, а не само ветувања и надежи. Конфликт може да се појави со лице кое е претставник на судска или правна институција, органи на законот или некој вид орган на власта. Ако сте вклучени во парница, очекувајте судир со лице кое може да има поинаков став, начин на гледање на работите, информации од вас. Ќе може да купите нешто за домот по поволни цени – нов мебел, опрема или предмети… Некои од вас, може да добијат ново живеалиште/дом или може да добијат право на сопственост. Ќе добиете голема надеж или важно ветување од лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Неочекувана шанса ги чека мажите-Водолија. Може да очекувате настани поврзани со блиска женска роднина или пријателка во врска со нејзиниот љубовен живот или брак. Можни се љубовни состаноци, флертување или љубов за немажените жени-Водолија. Генерално, жените-Водолија мора да се држат подалеку од неискреност или лицемерие на лице во знакот на Рак, Шкорпија или Риби.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Овој месец ќе одите на важен состанок, настан кој ќе ве исполни со енергија до моментот на реализацијата. Можно е да посетите болен роднина, пријател, колега или вие лично ќе одите на лекар или стоматолог. Можни проблеми во врска со роднина/пријател во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Добро е да се знае дека проблемите во јуни ќе го најдат своето решение, веројатно, истиот период. Ќе ја имате поддршката на вашата интуиција која ќе ве води кон точни постапки и одлуки. Ја имате поддршката од лица во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Успех ќе ви дојде што ќе ве ослободи од товарот на старите проблеми или непријатностите во вашата врска. Може да добиете пари од женско лице. Жените-Риби може да уживаат во неочекувани пари, екстра приход, добивање важни кредит или враќање на кредит и слично. Трошоци се можни за важни настани во семејството со девојка или млада жена: роденден, именден, веридба, свадба, принова, итн. Јуни може да предизвика разни непријатни или неочекувани промени поврзани со пат или вести од луѓе кои живеат далеку од вас. Тоа може да биде порака или информација која ќе стави крај на ваши очекувања, план, желба поврзани со патување. Ако одите на патување, внимавајте на патот и временските услови. Избегнувајте да се оптоварувате со лични проблеми на женско лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Жените-Риби треба да бидат повнимателни со своите нови лични и професионални контакти. Не брзајте да им верувате на сите!
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за неделниот хороскоп, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»