Реклама
Хороскоп

Месечен хороскоп за февруари, 2016

Реклама

Прашање: Колку Ваги се потребни да се смени една сијалица? 
Одговор: Зошто да се промени сијалицата? Зарем не е поромантично в темница?

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Овој месец ќе имате финансиски односи или заедничка акција со лице во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Може да се појави неочекувана, стресна ситуација во врска со пари којашто ќе ја решите успешно и без загуба. Ќе се материјализираат настани поврзани со женско дете или жени. Можно е да има раѓање на женско бебе, доаѓање на нова жена во вашиот дом или собирање во врска со жена. Ќе има силна и важна врска меѓу различни генерации на жени во вашето семејство. Неочекуван спор во семејството може да прерасне во размена на обвинувања и навраќање на претходни настани, вклучувајќи ги и оние од пред бракот. Не дозволувајте да изгубите контрола во оваа ситуација. Ниту вие, ниту вашиот партнер, нема да доживеете пријатни потсетници од минатите гревови. Ќе ве воодушеви гест на внимание, подарок или покана од стар или нов пријател. Февруари е поволен месец за нови познанства и љубовни авантури. Вести или понуда од далеку може да ве израдува многу, но проверете ги информациите внимателно пред да споделите нешто. Можеби ќе добиете пратка/писмо по грешка. Стари пријатели во знакот на Вага, Водолија и Близнаци ќе ве побараат, ќе ви се јават или ќе ве поканат на состанок и слично.

БИК (21 април – 20 мај)

Маркетинг

Ваш приоритет ќе бидат финансиските работи и обврски поврзани со домот, имотот или ваши роднини. Дејствијата во повеќето случаи ќе се однесуваат на лица во знакот на Јарец, Девица и Бик. Трошоци или расходи ќе бидат поврзани со домот или роднините. Непријатен момент ќе биде поврзан со трошоци за поправка, обнова или за купување нови предмети за домот или вашата работа. Бидете внимателни со новите набавки на опрема. Може да наштетите или навредите со зборови и дела машко лице кое има лични проблеми и тешкотии. Најверојатно поради лошото расположение, тој ќе реагира слично против вас или ќе мисли дека вие сте виновни за овие проблеми. Вашето минато ќе предизвика моменти на длабоко размислување за лекциите кои животот ни ги дава на еден или друг начин. Вашето искуство тешко дека ќе се смета како поука за животни ситуации на другите, па затоа не обидувајте се да влијаете врз нив врз основа на вашите искуства. Средба, романтичен предлог или дружење со блиски пријатели и роднини ќе бидат дел од најдобрите моменти за вас во текот на овој втор месец од годината.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни) 

Може да бидете изненаден од постапките на вашите пријатели. Можен е почеток на ново пријателство, романса или авантура. Конфликт или тензија ќе се појават за патување, но ќе најдете најдобро решение. Работите ќе се наредат на најдобриот начин за вас. Уште една можност или среќа ќе имате поврзани со патување или луѓе од далеку. Ќе бидете на работ на голем успех. Ќе треба да размислувате и одлучувате брзо. Не може да си дозволите одложување на одлуките, заложбите и обврските бидејќи времето ќе биде многу динамично и одлучувачко за вас. Вести ќе добиете во врска со машко лице, коишто ќе ве воодушеват. Покана или предлог ќе дојде од машко лице во знакот на Водолија, Вага или Близнаци, коишто ќе бидат важни за вас. Може да ве изненаден подарок или вие може да изненадите некој близок со подарок, без разлика дали имате причина за тоа или не. Во февруари, многу Близнаци ќе завршат и ќе се направат нов почеток во однос на работата или бизнисот. Постои веројатност од губење пари поврзани со неплатена работа или заем, кој сте го дале некому пред извесно време.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Ќе имате тешки и сложени финансиски односи со непознати/туѓинци или со лица во знакот на Бик, Девица и Јарец. Можно е проблематичните односи од вашето минато да создадат загриженост кај вас и потреба за нивно конечно решавање, без разлика дали ќе добиете или изгубите. Важни ќе бидат контактите со момче или млад човек, веројатно некој од семејството или блискиот круг на пријатели. Имате одредени очекувања во врска со таквото лице коишто, веројатно, ќе се реализираат во февруари. Можно е да го напуштите домот за ден или два за да посетите роднини, пријатели или да патувате поради работата. Бидете внимателни во однос на луѓето кои ви доаѓаат дома, бидејќи не секој доаѓа со добри намери. Неочекувана паника и стрес ќе се појават во врска со настан или активност поврзан со девојка/жена. Можно е таа да доживеала или ќе доживее многу длабока, силна лична или професионална драма. Добра вест поврзана со идно мајчинството, породување, успеси или радосни моменти поврзани со мало дете. Ако сте вклучени во судска парница поврзана со дете, може да очекувате успех. Проблемите во бракот на жена блиска на вас ќе продолжат и понатаму, но веќе нема да ви оставаат никаков впечаток. Сепак, нема да одбиете помош или некој вид поддршка.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Претставниците на Лав кои не се во брак може да склопат ново пријателство, романтична или љубовна врска. Ќе бидете воодушевени или ‘скротени’ од разговор со интимен партнер или брачниот другар. Непријатен инцидент или настан на работното место може да создаде вознемиреност и стрес за вашиот цел тим. Постои веројатноста за загриженост за вашето лично здравје или здравјето на некој близок и сакан. Можно е одење во болница за преглед или болничко лекување. Овој месец ќе ви биде мило поради некое купување за домот. Можни промени во врска со домот во кој живеете или со вашиот имот. Ќе добиете покана за свадба или семеен собир каде што треба да одите со подарок. Може ќе имате среќа во стекнување, купување или профит за вашето семејство. Ќе добиете неочекувана покана или предлог; ќе сакате да го разгледате внимателно или да добиете совет од експерт пред да дадете одговор. За мажите-Лав можен непријатен конфликт со друг маж или мажи, чиј крај е тешко да се предвиди. Општо земено, не сте во многу добра позиција, па затоа не оставајте таа да излезе од контрола. Важен месец за сè што влијае врз вашиот дом. Претстојат различни промени, решенија, конкретни акции. Во некои случаи, може дури и да зборувате за нова куќа или изнајмување нов стан.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Ќе имате непријатна средба, посета или собирање, најверојатно поврзана со лице во знакот на Девица, Јарец или Бик. Можеби ќе се разочарате од ново пријателство или деловен контакт. Февруари ќе донесе можност за реализација на пропуштени можности, наоѓање заборавени или украдени предмети, документи, враќање на изгубената позиција, врски и слично. Ќе добиете мудар совет од Вага, Близнаци или Водолија. Треба да ги искористите предностите. Претстојат потешкотии поврзани со долго патување или со пари поврзани со луѓе или настани од далеку. Ако патувате овој месец, подгответе ги сите документи и пари за секакви ситуации. Посветете поголемо внимание на она што се обидувате да го споделите со ќерка, сестра, внука или пријателка. Можеби на деликатен начин тие се обидуваат да ви кажат нешто што е тешко да се разбере или прифати. Можна неочекувана или несакана бременост. Ќе добиете пари од наследство, пензија, продажба, изнајмување, дивиденди, итн. Избегне финансиски односи со лица во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Ако постои потреба за такво нешто, обезбедете се со потребните документи.
Ќе се откажете од вашите очекувања поврзани со девојка или млада жена поради непремостливи тешкотии и пречки за нивна реализација.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Овој месец ќе имате ваш план за промена во домот или интериерот, или за недвижност и опремата што ја користите за работа, и друго. Многу е веројатно дека ќе наидете на отпор, недоразбирање или недостаток на соработка од луѓето со кои живеете или работите. Можеби конфликт ќе произлезе со лице во знакот на Риби, Шкорпија или Рак за материјални интереси и желби. Лоша вест во врска со жена која живее далеку. Можен е непријатен инцидент или несреќа за жена за време на патување. Ќе бидете во можност да постигнете разбирање, слога и поголема блискост со на пријателите или колегите. Ќе склопите нови пријателства и контакти. Вести во домот ќе бидат поврзани со девојка или млада жена од семејството и за важен настан во нејзиниот живот. Можни вести за идно мајчинство или раѓање на женско бебе. Бидете внимателни во текот на овој месец, бидејќи можно е нешто што очекувате да ви се лизне низ прстите, бидејќи нема да дојде од лице или на начин на којшто што вие очекувате. Преродба на ваша стара идеја или сон, за што ќе се појават некои поволни околности. Во февруари ќе присуствувате на некој вид семеен собир како веридба, свадба, раѓање, годишнина, роденден и друго.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Овој месец ќе мислите, главно, на проблемите и грижите. Ќе сакате да ги решите пред да станат посериозни и тешки за завршување. Можно е да ги решите без да потрошите многу пари. Можно е непријатно изненадување поврзано со неочекуван, нејасен или контрадикторен развој на настаните во вашите лични или професионални односи. Ќе се чувствувате збунето, несигурни и сомничави кон постапките на другите. Ќе добете пари од машко лице или ќе имате подмирување на финансиски односи со машко лице. Ова е најверојатно поврзано со вашите лични семејни односи. Во исто време, проблеми од финансиска природа може да се појават повторно со маж или мажи, доколку вашата работа е поврзана со мажи или со опрема, војска, полиција и безбедност. Во февруари ќе разговарате за своите планови за развој на таленти и вештини на дете/внуче, негово образование, работа преку лето и други важни работи за детето и вашите семејни активности. Можно е некои млади жени да поминат извесно време во болница или ќе подложат некои третмани во врска со идна или сегашна бременост. Зборовите и делата на лице во знакот на Бик, Девица или Јарец ќе ве повредат. Не треба да дозволите такво влијание, уште повеќе ако тоа лице делува токму за таа цел – да ве повреди.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Вашите лични или професионални односи, кои не биле проблематични до сега, ќе бидат ставени на тест. Причината за ова ќе искрсне одеднаш и може да биде ситница или манифестација на емоционална реакција, чувствителност или љубомора. Ќе размислувате за тоа како да разговарате со вашите пријатели или соседи во врска со нивното дете. Имате свои забелешки, мислења и идеи, но, исто така, сфаќате дека таквиот разговор нема да биде лесен. Ако имате било какви финансиски односи со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија, бидете внимателни за да избегнете непријатни ситуации поради недоразбирање, грешка, измама или било каков вид манипулација. Поволен месец за решавање на финансиски проблем или да ја стабилизирате финансиската состојба. Може да ја вратите позицијата на работното место или во бизнисот. Ќе ја разгледате можноста да се откажете од некоја претходна идеја поради појавата на нешто подобро. Ќе бидете поканети на собир поврзан со нова личност во вашето семејство или во кругот на пријатели. Можеби ќе имате нови соседи или нови станари доколку издавате куќа/имот. Многумин од вас ќе имаат ново милениче. Може да има проширување на вашиот дом, што не е претходно планирано. Ќе добиете пари од женско лице, што ќе биде од корист за развој на вашите финансиски односи и интереси, вклучувајќи ги и вашите заеднички акции.

ЈАРЕЦ (22 декември – 20 јануари)

Во текот на февруари, може да се разделите, или да бидете заедно, со симпатија или брачен другар кој работи или живее далеку од вас. Многумина ќе имаат прва романтична средба со лице од друга заедница. Разделбата од љубеното лице, кога и да се случи, ќе биде привремена. Ќе имате состанок со женско лице, кое ќе ви даде важни вести или важен предлог. Ако сте вклучени во судска парница, не очекувајте лесен успех и брзи резултати. Ве чека важен разговор или некој вид пресвртница поврзани со лице во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Тензија ќе се појави во врска со здравјето или дејствата на момче/млад човек – роднинa или пријател. Може да имате конфликт со млад човек поради неговото мешање во вашите лични работи и односи. Можно е да се разочате од машко лице во знакот на Рак, Шкорпија и Риби и ова разочарување ќе влијае врз другите љубовни или интимните односи, за кои однапред сте знаеле дека немаат перспектива. Вашите очекувања поврзани со семејството и домот треба да бидат едноставни и обични, бидејќи необични или драматичи промени во вашиот статус, најверојатно, нема да се случат. Вести за повторно обединување на семејството, вклучувајќи ваши пријатели или роднини, по период на разделба.

3d star

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Во февруари ќе разговарате или ќе се подготвувате за патување. Ќе имате контакти со луѓе кои живеат далеку и кои може да имаат потенцијална вредност/корист за некои планови. Можно е да планирате и спроведете план за патување поврзан со загриженост за имот, купување на имот или за решавање на проблеми и други материјални интереси. Од интерес за вас ќе бидат контакти со лица во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Жените-Водолија ќе трошат пари за ништо, за непотребни работи или поради тоа што ќе дејствуваат емотивно. Бидете внимателен и пазете се од такви акции. Вашите љубовни проблеми или грижи ќе бидат привремени, предизвикани од непромислени реакции, вишок на емоции и од чувствителност. Овој месец дефинитивно ќе имате шанса да доживеете нешто посебно во врска со вашиот љубовен живот. Ќе бидете воодушевени од разговор, предлози или идеи што ќе добиете од машко лице. Претстојат нови контакти и запознавање со машко лице. За оние од вас кои имаат деца ќе посетите некоја институција, ќе имате обврска, ќе присуствувате или ќе организирате собирање поврзано со нив. Мажите-Водолии до 35 години може да бидат изненаден од настан или информации поврзани со дете. Може да добиете неочекувани пари или да имате неочекувана можност да добиете/заработите пари.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Пазете се од емоции и акции на жена од семејството или роднините. Нејзиното непријателство/злонамерност кон вас не е ново и нема да ве изненади, но тоа може да ви наштети сега. Поволен месец за решавање на проблеми и други грижи што се појавиле во јануари. Сега можете да го отфрлите товарот од некои ваши проблеми. Секој чекор сега, дејствие или одлука, ќе треба да бидат добро обмислени и ќе треба да избегнете емоционални реакции. Ќе бидете во можност интуитивно да почувствување што се крие зад некој конфликт што ве вклучува вас. Можеби тоа е поврзано со ваш роднина кој се обидува да ја наметне својата желба, да ве присили да прифатите нешто на начин на кој тој/таа сака. Непријатен настан ќе се појави поврзан со личност со која ќе имате заеднички професионални контакти. Можеби ќе има несакана, непријатна и неочекувана промена во вашата работа. Февруари не е најповолен период за донесување важни одлуки во врска со контакти со судови или парница. Сите вакви нешта, дури и ако имаат некое позитивни придвижување, ќе ви нанесат проблеми и компликации од различен вид. Во вашите очекувања за готовински приходи и приливи бидете реални; не земајте го здраво за готово секое ветување или информација. Ќе го имате само она што, всушност, ќе дојде конкретно во вашите раце во февруари.

Големиот годишен хороскоп за 2016 година ве чека овде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button